Оскар Вајлд – Пропаста на лагата

П

ропаста на лагата припаѓа на раниот развоен период на Вајлд и е целосно во склад со принципите на естетското движење. Сократовскиот дијалог на духовит, типично вајлдовски начин ги предава неговите уметнички ставови, ја спротивставува приземјеноста на реализмот со имагинацијата на романтизмот, ја става уметноста во супериорна позиција над природата, ја издигнува имагинацијата како врвен принцип во создавањето на уметноста наспроти грубоста на реалниот живот кој не треба да биде дел од литературата. Иронијата, острата критика, недогледното познавање на светската литература, како и интелигентното изведување на аргументи убедливи дури и за најскептичниот читател, се неизбежна карактеристика на критичките дела на Вајлд.

Автор: Оскар Вајлд (1854–1900)

Превод од англиски јазик: Кристина Димкова

Број на страници: 96

Едиција: Арс Магна | Формат: 180×110

Извадок од книгата

Нарачај дома

Препорачај ја книгата

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *