Мигел де Унамуно – Магла

М

агла е едно од клучните дела на Унамуно, кое го нарекува нивола – литературен жанр измислен од страна на авторот за да го ослободи делото од цврстите рамки на романот. Аугусто, главниот лик во романот, ни се прикажува како невротичен егзистенцијалист-романтичар. Тој страда од духовен неспокој поттикнат од неговата вертеровска егзалтација и, можеби, комичноста. Дали ние самите понекогаш не се чувствуваме како јунаци во куклен театар, како немоќни суштества? Дали потегнувањето за конците в очи на ваквиот свет ќе предизвика прекин на зависноста од судбината? Дали волјата на Аугусто ќе се покаже како посилна од волјата на авторот, независна? Особено последната сцена е вознемирувачка, кога самиот автор, Мигел де Унамуно, настапува во улога на јунак-креатор на целата сценерија. Веќе не се знае во каков степен животот и волјата на Аугусто зависат лично од него. Тоа го фрла во очај, во криза на самосознанието, го води до трескавична борба…

Автор: Мигел де Унамуно (1864–1936)

Превод од португалски јазик: ???

Број на страници: 303

Едиција: Арс Магна | Формат: 180×110

Извадок од книгата

Нарачај дома

Препорачај ја книгата