ворјанско гнездо е вториот роман на Иван Тургенев, првпат објавен во 1859 г. во книжевното списание „Современик“. Романот спаѓа во раната творечка фаза на Тургенев и за време на неговиот живот бил меѓу неговите најпознати дела во Русија. Преку галеријата ликови на Лаврецки, Лиза, Паншин, Лем, Варвара Павловна, Михалевич, Агафја, Марија Дмитриевна и Марфа Тимофеевна, Тургенев ја слика фреската на тогашното ситно дворјанство, чиишто мисли, карактери, разговори и навики неминовно се распаѓаат, отворајќи им пат на нови ликови во руската книжевност. На залезот на нивното време, сепак, Тургенев ги испраќа со живописни портрети, извонредно пренесувајќи ги нивните родослови, светогледи и односи. Животот на руското провинцијално дворјанство, салонската култура на губерниските градови и европските престолнини, судирот меѓу спротивставените идеолошки струи – се дел од главните теми на оваа кратка прозна фреска.
Автор: Иван Тургенев (1818–1883)
Превод од руски јазик: Андреј Јованчевски
Број на страници: 270
Едиција: Арс Магна | Формат: 180×110