Томислав Османли – Медиумот што недостасува

Томислав Османли – Медиумот што недостасува

„П

репрочитувајќи ги, по неполни три децении, содржините на оваа книга есеи за урбаните феномени што во тоа време ми се чинеа актуелни, особено оние што кај нас недостасуваа, помислувам колку опстојно – и покрај долгиот помин на време – таквите појави и однесувања настојчиво недостигаат во нашава средина. Не дека таа во меѓувреме не се измени, и тоа многу. Урбанитетот доживеа трасформации од поранешната испразнетост кон преполнетост, од неисполнетоста на голем дел од градските простори кон постојниве, урбанистички презаситени ткаења, од расположливиот кон окупираниот градски амбиент, но и од концептуалниот модернитет во минатото кон еден конзервативен инженеринг, изведен и преживеан во центарот на главниот град, сега начичкан со претенциозни структури и кичерски градби од механички копирани и лажно креирани, во секој случај туѓи (на овој град и на неговите жители), авторитарно наметнати стилови… Скопје и денес ги лечи раните од претераната и незапрена градба, од освојувањето на целото подножје на питомата планина што најблиску се издига над градот, која е божем заштитена сфера, па сè до центарот, изведен во незамислив хибрид, еден вид кириличен барок, мегаломански неокласицизам и еден вид „касписки“ ампир од претенциозни и лажни фасади што, неопстојни како материјал, инвестиција и естетика, потклекнуваат под ударите на скопските дождови и летните изгори, и сами се лупат и отпаѓаат…“

Број на страници: 103

Едиција: Плочка | Формат: 205×205

Извадок од книгата

Нарачај дома

Томислав Османли (1956)

Томислав Османли е македонски сценарист, драматург, теоретичар на медиумите, писател, критичар, новинар и есеист. Османли создава во повеќе дисциплини. Автор е на 27 објавени книги: проза, драми, сценарија, теорија и есеистика. Автор е на три романи преведени и во странство. Со години се занимавал со филмска и театарска критика и публицистика, како и со теорија на драмски затемелените вербо-визуелни медиуми. Објавувал публицистички и теоретски текстови во речиси сите македонски и во голем број ексјугословенски списанија. Бил член на редакциите на списанијата “Идеје” (Белград), “Разгледи”, “Културен живот”, “Театарски гласник” и “Macedonian PEN review” (Скопје).

Препорачај ја книгата