Томас Кинг – Грбот на желката

Томас Кинг – Грбот на желката

Р

оманот „Грбот на желката“ е современ роман, кој на уметнички начин ја обработува најважната тема на денешницата – еколошкото уништување на планетата поттикнато од крволочната страст за пари. На овие страници Томас Кинг нè соочува со самите себеси и со нашата свесна или несвесна бескрупулозност и индиферентност кон кревкоста на природата околу нас. Со помош на софистицирани игри на зборови, духовит јазик, вешто создадени ликови и убаво исплетена приказна, тој нè носи на патот кон осознавањето на сопствената пасивност и недостатокот на визионерство во однос на заштитата на природата, а истовремено на самите себеси и на идните поколенија.

Превод од англиски јазик: Кристина Димкова

Број на страници: 475  

Едиција: Аквамарин | Формат: 195×125

Извадок од книгата

 

Нарачај дома

 

Томас Кинг
(1943)

 

Томас Кинг е роден на 24 април 1943 г. во Сакраменто, Калифорнија. Своето образование го завршил во САД. Докторирал во 1986 г. откако извесно време се посветил на изучувањето на раскажувачката вештина на домородните племиња и продрел во богатството на народната книжевност. Откако во 1980 г. се преселил во Канада, предавал домородни студии на Универзитетот Летбриџ, а бил и стручен соработник на други универзитети. Моментално работи како професор по англиски јазик на Универзитетот Гвелф во Онтарио. Негови најпознати дела се: „Приказната на којотот Колумбо“ (1992) и „Зелена трева, истечна вода“ (1993), обете номинирани за Governor General’s Literary Award. Романот „Грбот на желката“ ги добил наградите Governor General’s Literary Award for Fiction, Sunburst Award, Copper Cylinder Adult Award, бил и финалист за наградите Trilium Book Award и CBC Bookie Awards, а бил номиниран и за International Dublin Literary Award.

Препорачај ја книгата