Ришард Капушќињски – Уште еден ден живот

Ришард Капушќињски – Уште еден ден живот

К

аков живот, при крајот на XX в., треба да го сметаме за „обичен“? Што е „нормално“ во нашата ненормална епоха? За многумина од нас дефиницијата на обичност сѐ уште се врзува со поими како што се мир и стабилност. Во продолжение би сакале, можеби, да си го замислуваме секојдневниот живот како подложен на постојан ритам, потпрен на востановени, повторливи општествени шаблони. Творештвото на Ришард Капушќињски произлегува од свеста дека таквите конвенционални описи на реалноста денес имаат толку ограничена примена, што во извесна смисла станале фикција. Уште еден ден живот е книга за бурното раѓање на независната Ангола. Тоа е и фантастична демонстрација на уметноста на пишувањето, полна со трогателни, надреалистични слики, кои веќе станаа препознатлив знак за Капушќињски.

 Превод од полски јазик: Лидија Танушевска

Број на страници: 137

Едиција: На пат | Формат: 200×130

Извадок од книгата

Нарачај дома

Ришард Капушќињски
(1932–2007)

Ришард Капушќињски – легенда на полската и светската репортажа. Познат како „човекот надарен со апсолутно чувство за информација, атмосфера и настани“. Поседува неверојатна способност за опсервација и забележување на тоа што за другите е невидливо. Има репортерски инстинкт, кој го води секаде каде што се случува нешто. Умее совршено да го анализира опкружувањето, брзо станува дел од набљудуваната средина, а благодарение на својата неутралност, може објективно да го оцени тоа што го гледа. Ришард Капушќињски, професија – репортер.

Препорачај ја книгата