Кажување на Павел Чех за книгата Гогољово диско.
Здраво, се викам Паво Матсин и сум автор на книгата „Гогољово диско“. Ова е мојата трета книга, која стана мој пробив во литературата добивајќи ја естонската награда за литература Cultural Endowment of Estonia и Европската награда за литература, а стигна и на топ листата на најпродавани книги во Естонија. Атмосферата во неа е бизарна, нереална, со живописни ликови и ситуации. Романот ни раскажува за една нова иднина или паралелна сегашност, во која Руската Империја ѝ става крај на естонската независност, а самите Естонци стануваат скудно малцинство во својата татковина. Сепак, делото не се врти околу национална апокалипса, туку се фокусира на посетата на книжевниот класик Николај Гогољ, кој воскреснува од мртвите во малото гратче Вилјанди. Приказот на Гогољ како да е инспириран од Исус, Воланд и Голем, и тој не е нужно главниот лик во „Гогољово диско“. На централната сцена се наоѓа разновиден колорит од локални интелектуалци и слуги, кои главно зборуваат на руски јазик и чии веќе стари животи се вкрстуваат со трајно трансформираните преку парабола… Дејствијата на романот се сместени во една луда дистопија, па дури и пародија на дистопија. Со други зборови, може да се нарече параболична гротеска. Благодарам.
**********
„Гогољово диско“ е несомнено најмоќното дело на Матсин досега. Неговиот карактеристичен криптичен, непостојан заплет и интертекстуалноста, автентичноста на општествените околности на книгата и нејзините неверојатни настани даваат основа да се класифицира како магичен реализам, но со комбинирањето на неговата смисла за хумор, апсурдноста и ерудицијата, Матсин создава оригинална и ослободителна визија: дури и кога ситуациите или условите драстично се менуваат, животот има тенденција да продолжи и да нѐ изненадува. Силните страни на енергичниот внатрешен свет на Матсин се засилени во „Гогољово диско“: бизарна атмосфера слична на соништата, населена со колоритни ликови и апсурдни ситуации. Апсорбирајќи влијанија од историјата, алхемијата, мистицизмот и литературата, Матсин овде создава магичен и гротескен свет: свет што нема да се подложи на класификација по жанр.
„Гогољово диско“ е сместено во блиска иднина (или паралелно постоење) во која империјална Русија става крај на независноста на Естонија, а Естонците стануваат малцинство во сопствената татковина. Сепак, делото не се фокусира на националната апокалипса, туку на тоа како рускиот книжевен класик Николај Гогољ (кој воскреснува од мртвите) оди да го посети пасторалниот град Вилјанди во јужна Естонија, каде што го доведува локалниот интелектуализам до вриење и во некои случаи, го превртува наопаку.
**********
Превод од унгарски јазик: Златко Панзов и Анамарија Цинеге-Панзова