о романот „Пансион“, Пјотр Пажињски раскажува за млад човек што се враќа, по многу години, во пансион во близина на Варшава, кој, како момче, го посетувал со баба си. Пансионот е еврејско одморалиште во близина на Варшава, некогаш полно со живот, денеска населено со духовите на минатото. Бабата, како и повеќето жители на пансионот, била полска Еврејка, спасена од Холокаустот. Но, книгата раскажува не само за ненадејното воено уништување на еврејскиот свет. Пред сѐ, раскажува за неговото повоено бавно умирање. За светот што ги загубил животните сили, што сѐ уште завршува – преку следните повоени бранови на егзодусот на Евреите, преку умирањето на жителите – но не може, конечно, да умре. Ова е филозофска приказна за истрајноста, за минливоста и за распадот, а воедно и книжевен обред за воскреснување на сеќавањето. Создавајќи ја одново стварноста, која исчезнала во виорот на времето, Пјотр Пажињски го избегнува патосот, затоа, пак, се служи со иронијата и хуморот.
Превод од полски јазик: Филип Димевски
Број на страници: 148
Едиција: Аквамарин | Формат: 195×125

Пјотр Пажињски
(1973)
Пјотр Пажињски завршил филозофија на Варшавскиот Универзитет и е доктор на хуманистички науки. Од 2000 година е главен уредник на месечникот „Мидраш“. Автор е на монографијата „Лавиринт и дрво“ (2005) и на личниот водич „Даблин со Уликс“ (2008), посветени на „Уликс“ на Џејмс Џојс. Пишува, преведува, се занимава со филозофијата на јудаизмот и со еврејската тематика во литературата. Еден од главните негови интереси е книжевноста на Џејмс Џојс. Одвреме-навреме објавува текстови во разни списанија. „Пансион“ е неговото книжевно деби, за кое ги добива престижните награди „Пашпорт Политики“ (2009) и Европската награда за литература (2012), а романот бил номиниран и за највисоката национална награда во Полска – „Нике“. „Птичји улици“ (2013) е неговиот последен роман.
