Петр Станчик - Јазовецот Итре ја освојува вселената

Петр Станчик - Јазовецот Итре ја освојува вселената

Во својата нова приказна, јазовецот Итре, истражувач од Габровата шумичка, со помош на генијалката, утката Живка, ќе изгради вселенска ракета. Со неа ќе летне сè до Педалуна, која е малечок сателит на нашата Месечина. Итре ќе доживее авантура со вонземјани, а на сцената повторно ќе се појави неговиот стар непријател, творот Смрдолф. Дали сè ќе…

Петр Станчик - Јазовецот снима филм

Петр Станчик - Јазовецот снима филм

Превод од чешки јазик: Маргарета Карајанова страници: 32 формат:250×170 цена:350; тврд повез Кога во Габровата шумичка еден ден од градот ќе долета шарениот папагал, сè ќе се раздвижи. Наеднаш целата шума им се восхитува на неговите убави пердуви. А тој што има обично црно-бело крзно, не сака да се појави пред очите на другите. Сепак,…

Алис Манро - Месечините на Јупитер

Алис Манро - Месечините на Јупитер

Превод од англиски јазик: Кристина Димкова страници: 360 формат: 180×110 цена: 350 Метафикциската проза на Алис Манро ги претвора обичните животи во необични приказни. Нејзините приказни се мисловно провокативни, а мистериозната вештина да ги конструира овие големи теми во навидум домашни, работнички приказни е она што ја прави Манро вистинска кралица на расказот. Леснотијата на…

Ѓоко Здравески - Отсечки стварност

Ѓоко Здравески - Отсечки стварност

страници: 105 формат: 185×120 цена: 150 „Отсечките стварност“ обично се случуваат среде секојдневието, кое на прв поглед се чини банално. Но, Здравески успева да ни ги укаже пукнатините во реалноста, кои претставуваат влез во непредвидливи, можеби и опасни лавиринти. Со тон што не е врескачки, туку сталожен, со проникливост и интуитивност, со смелост да се…

Владимир Мартиновски - Зоостории

Владимир Мартиновски - Зоостории

страници: 213 формат: 185×120 цена: 250 Пред нас е прозна книга составена од вкупно 77 раскази, поделени во 11 циклуси, секој изграден од по 7 прози. Зоосторија во ова дело на Мартиновски е именување на поетичка припадност кон едно универзално, наместа сосем духовно набљудување и регистрирање на сиот жив свет, оној на инсектите, на животинките,…

Жил Менар - 50 раскази (избор од 10 збирки раскази)

Жил Менар - 50 раскази (избор од 10 збирки раскази)

страници: 240 формат: 185×120 цена: 250 Книгата „50 раскази (избор од 10 збирки раскази“ од Жил Менар опфаќа неколку „недовршени“ циклуси кратка прозна фикција, од кои сите, според своите стилски обележја, припаѓаат на различни жанровски парадигми (кус расказ, бајка, хаибуни итн.) и се изградени во согласност со нивните конвенции. Таквиот зафат го прави овој „циклус…

Јоханес Анјуру - Ќе се удават во солзите на своите мајки

Јоханес Анјуру - Ќе се удават во солзите на своите мајки

Превод од шведски јазик: Родна Русковска страници: 276 формат: 195×125 цена: 350 „Ќе се удават во солзите на своите мајки“ е книга за надежта и за безнадежноста. Дејството е сместено во сегашноста и почнува со хаотичен, страшен терористички напад за време на промоцијата на делото на контроверзен цртач на стрипови во книжарница во Гетеборг. Девојката,…

Ирена Вркљан - Свила, ножици

Ирена Вркљан - Свила, ножици

Превод од хрватски јазик: Иван Шопов страници: 121 формат: 195×125 цена: 200 Романот „Свила, ножици“ е автобиографски роман во кој авторката раскажува за своето детство во Белград, за преселбата на семејството во Загреб во 1941 година по избувнувањето на војната, за растењето, школувањето и созревањето во тој град, за пропаднатиот брак и за животната рутина…

Владислав Рејмонт - Ветената земја

Превод од полски јазик: Филип Димевски страници: 599 формат: 210×135; тврд повез; цена: 700 „Ветената земја“ е панорамски роман за раѓањето на еден индустриски град. Трогателна слика за бруталните почетоци на капитализмот во срцето на Европа. Фабрики, пожари, беда и лукавство. А среде индустрискиот налет – големи планови, заеднички интереси и пријателство. Нобеловецот Рејмонт со неверојатен…