Андреа Јанковски - Раскази кои немаат намера да бидат тоа

страници:139 формат:180×110 цена:200 ден. Раскази кои немаат намера да бидат тоа е зрел наративен ракопис од постмодерен тип, тоа се суптилни, проникливи откршоци од нашата стварност и секојдневие, пропуштени низ призмата на авторската раскошна имагинација, но и низ призмата на една завидна интелектуална наобразба која денес теоретичарите обично ја сместуваат во парадигмата интертекстуалитет. Андреа Јанковски е…

Хенрик Сјенкјевич - Крстоносци

страници:860 формат:200×140 цена:570 ден. Крстоносци е историски роман, во кој авторот го опишува полско-тевтонскиот конфликт во фазата на неговото најголемо насилие. Главен мотив во романот е битката кај Грунвалд, во која Полјаците извојувале огромна победа над моќниот Тевтонски крстоносен ред. Безбројни измами, неправди, битки за живот или смрт, обичаи од огромно морално значење, авантури, љубов… сето тоа…

Роберт Луис Стивенсон - Киднапиран

страници: 245 формат: 200×140 цена: 250 ден. Киднапиран е класична авантуристичка приказна, подеднакво возбудлива денес, како и кога била за прв пат издадена.Кога тргнува во потрага по својот последен жив роднина, чичкото Ебенизер, младиот Дејвид Балфур воопшто нема претстава за опасностите и интригите кои оваа средба ќе ги предизвика. Наскоро сфаќа дека чичко му е стар скржавец и лажго, но…

Ришард Капушќињски - Империјата

страници: 349 формат: 200×130 цена: 400 ден. „Империјата“, култното дело од Ришард Капушќињски – легендата на полската и светската репортажа. Познат како „човекот надарен со апсолутно чувство за информација, атмосфера и настани“. Репортажа за мрачната страна на Русија и поранешниот СССР. Книгата којашто едноставно никого не остава рамнодушен! „По улиците на Магадан се оди по високи ходници ископани во снегот. Тесно е, при…

„Книга од песок“ во издание на Бегемот

„… неговата книга се вика Книга од песок, зашто ни книгата ни песокот немаат ни почеток ни крај“ Во збирката Книга од песок, која се состои од 13 раскази,Борхес ги продолжува своите творечки искуства, слободно користејќи ги културолошките, историските, литературните и филозофските контексти, а фабуларните настани ги обојува со авторска интелектуална рефлексија. Расказите од оваа…

Нобеловката Алис Манро - за првпат на македонски!

Ниту еден жив писател не може толку убедливо да пишува за „текот на љубовта“ како Алис Манро. Таа е жив џин на модерниот расказ, а нејзиниот чеховски реализам, длабоката психолошка интуиција, инстинктивното чувство за емоционалната аритметика на животот, оставија неизбришлив печат на современото пишување. Вештината на Манро во прикажувањето на човековите чувства и богатството на…

„Фердидурке“ за првпат на македонски

Фердидурке, или – Големата маскарада, метафоричен роман на Витолд Гомбрович, прогласен за најпознатиот и најкреативниот полски роман на XX век, преведен од огромен број светски јазици. Главниот лик на романот е 30-годишниот почетник-литерат Јузефчо, кој е неочекувано посетен од бескомпромисниот професор Пимко и е вратен назад во школо. Сегашноста одеднаш се наоѓа во минатото и…

Мајсторот на гротеската - во издание на Бегемот!

  Ѓаволијада и Кобни јајца се две новели кои имаат една иста карактеристика – и двете се критика и сатира упатени кон Советскиот Сојуз. Во Ѓаволијада е претставен проблемот на „малиот“ човек како жртва на советската бирократска машинерија, која во болната фантазија на главниот лик, Коротков, склучува пакт со пеколните сили (иако тој никогаш не…

Добитникот на престижната награда Голем калибар - во продажба!

Сандомјеж, 2009 година. На брутален начин е убиена почитувана сандомјежанка, грлото ѝ е длабоко пресечено со остар предмет. Нејзините посмртни останки имаат чудна, нетипична алабастерска боја. Теодор Шацки доаѓа од престолнината Варшава во малиот живописен Сандомјеж и ја води истрагата за грозоморното убиство. Истрагата наидува на многубројни препреки и ѕид од молк, а едновремено неа…

За магијата, вечноста, огледалата, лавиринтите... - во продажба!

Хорхе Луис Борхес (1899 – 1986) – аргентински писател, поет и есеист, еден од најкарактеристичките ликови во светската литература од XX век. Објавувал кратки есеи, раскази и поезија. Неговите дела, толку многу важни за литературата и за хуманистичката мисла, станале објект на проникливи анализи и многубројни интерпретации. Борхес се смета за еден од главните претставници на…