Мира Оташевиќ – Сестрата на Ниче

Мира Оташевиќ – Сестрата на Ниче

„С

естрата на Ниче“ е роман за лажната семејна љубов и изневерата, за малограѓанското уништување на личната слобода, за оригиналните идеи и нивните деформирачки сурогати, за автентичноста и манипулацијата, за индивидуалниот однос кон вистината и нејзините патолошки фалсификувања, за слободната мисла и за нејзините идеолошки злоупотреби, во крајна линија – за човекољубието и за неговите утилитарни одродувања… „Сестрата на Ниче“ е роман за личната и за семејната бескрупулозност, книга во која драстично се урнисува митот за светоста на сестринска љубов кон братот, но едновремено и роман од кој, како впрочем и од другите прозни дела на истакнатата современа писателка Мира Оташевиќ, зрачи и еден непатетично изразен, жесток ангажман на страната на изневерените вредности.

Авторскиот глас на Оташевиќ се изразува во модерна, авангардна форма. „Сестрата на Ниче“ е вториот роман на Оташевиќ, во кој наративната сила се одразува највеќе во сликите, во емоцијата што избива од секој лик и од секој дијалог, во помирувањето на динамичната форма со широката ерудиција и деликатноста на интимниот свет.

Превод од српски јазик: Алида Муча

Број на страници: 163  

Едиција: Аквамарин | Формат: 195×125

Извадок од книгата

 

Нарачај дома

 

Мира Оташевиќ (1944-2019)

Мира Оташевиќ е драматург и прозаист од Белград, Србија. Се занимавала со прозно творештво, сценаристика, теорија на литературата и театарот, особено фокусирана на подрачјето на историските авангарди. Дипломирала драматургија на Факултетот за драмски уметности во Белград.

Оташевиќ негува особен авторски пристап, кој ја издвојува од останатите романсиери. Нејзиното прозно творештво се напојува со богатите знаења и искуства собрани како драматург, сценарист и документарист. Поради таа оригиналност на авторскиот пристап, Мира Оташевиќ им припаѓа на најафирмираните автори на современата српска проза. Романите „Зоја“ во 2013 и „Горгони“ во 2018 година, се најдоа во најтесниот избор на престижната награда НИН. Нејзин омилен жанр е оној на „креативното користење на архивите“, творечки метод што изобилно се среќава и во нејзиното прозно творештво.

Во 1980, Оташевиќ објавила книга мултижанровски есеи под насловот „Споени садови“. Нејзини книжевни дела се и романите: „Магамал“ (1994), „Сестрата на Ниче“ (1999), „Бекет и јастогот“ (2005), „Змејови од хартија“ (2008), „Зоја“ (2012) и „Горгони“ (2017) – сите објавени од реномираното книгоиздателство „Геопоетика“ од Белград.

Препорачај ја книгата