о романот „Три мајмуни“ Стефан Мендел-Енк се навраќа на своите детски спомени за еврејската заедница во Гетеборг. Поделбата на семејството на младиот Јакоб и фрагментацијата на еврејската дијаспора во Шведска го формираат јадрото околу кое е изградено сижето во серија емпатично и комично раскажани сцени, кои не се хронолошки распоредени. Приказната се развива во пресекот на еврејската традиција, современите геополитички настани и шведската култура во која Евреите нашле прибежиште од холокаустот.
Превод од шведски јазик: Родна Русковска
Број на страници: 142
Едиција: Аквамарин | Формат: 195×125

Стефан Мендел-Енк (1974)
Стефан Мендел-Енк е шведски новинар и писател. Како новинар работел во Шведското национално радио и пишувал за познатиот шведски спортски весник Offside и за најголемиот шведски дневен весник Dagens Nyheter. Во 2004 г. ја објавува репортажата „Со очигледно чувство за стил“, во којашто го разгледува проблемот на машкоста и насилството. „Три мајмуни“ (2010) е неговиот долгоочекуван книжевен првенец.
