елија Кореја во збирката раскази „Дваесет скали и други раскази“ раскажува за низа чудни, сперливи, особено женски ликови заплеткани во гротескни и готски светови, каде што границите меѓу доброто и злото, реалното и надреалното, сакралното и световното, езотеричното и прагматичното, слободата и табуата, наизменично се прелеваат и се мешаат. Овие жени се маѓепсани, отуѓени, осамени, похотни, слободоумни, врежани и обележани со фатални премрежиња, оддалечени или во потрага по своите сништа и затекнати во секоја од овие приказни, како среде пат, речиси секогаш на крстопат со бурни и свирепи мажи, или маркантни жени што ја исцртуваат нивната трагедија. Нивните патишта се отворени и неодредени, и кај нив не се забележува нивниот почеток ни нивниот крај. Нарацијата е густа и набиена, ликовите се зрели и сложени, елементите на реалното вешто се прикриваат и се прелеваат во волшебното, окултното, магичното, вовлекувајќи го читателот во својот вител.
Превод од португалски јазик: Наташа Сарџоска
Број на страници: 133
Едиција: Аквамарин | Формат: 195×125