Ладислав Клима – Како ќе биде по смртта

П

розата на Клима, заситена со таинственост, има голем број допирни точки со гротеската, црниот хумор, психопатологијата, изобилува со шокантни теми и остри ефекти. Користи мотиви на популарна литература, а воедно бесрамно покренува вистинска и комплицирана филозофска проблематика, ја надраснува артистичката клима на преломот на вековите, антиципира значително подоцнежни појави. Неговото творештво секогаш уживало голема популарност во литературната средина на „аутсајдерите“, коишто барале нови решенија подалеку од вообичаените патишта. Збирката раскази Како ќе биде по смртта ги содржи речиси сите негови кратки раскази, како и новелата Славна Немезис.

Автор: Ладислав Клима (1878–1928)

Превод од чешки јазик: Маргарета Карајанова

Број на страници: 153

Едиција: Арс Магна | Формат: 180×110

Извадок од книгата

Нарачај дома

Препорачај ја книгата

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *