Игнаци Карпович – Соња

Игнаци Карпович – Соња

В

о животот на Соња се завршило одамна, многу одамна, заедно со војната. Тогаш толку преживеала и почувствувала што потоа веќе ниту живеела ниту чувствувала, имајќи ги само спомените и кучешкото ремче со готски натпис. Случајната средба покрај селскиот пат го означува почетокот на приказната која конечно може да биде ислушана. Повереник на Соња станува Игор – театарски режисер – кој неочекувано се нашол некаде надвор од мобилната мрежа. Тој веднаш ја преобразува приказната на старката во театарска претстава, создавајќи сопствена верзија на настаните. А кога веќе би можело да се помисли дека ги исцрпел сите идеи, во селската колиба се појавува Игнаци, кого Игор упорно се трудел да го заборави… Соња е голема, сепак мала, едноставна, сепак тешка, стишена, сепак полна со емоции, пацифистичка, но сепак истовремено брутална приказна преполна со љубов. Авторот ја искористува конвенцијата на воената романса за да раскаже за минатото и за сегашноста; за она тука и она таму; за пеколот и за рајот на сеќавањето.

Превод од полски јазик: Филип Димевски

Број на страници: 167

Едиција: Аквамарин | Формат: 195×125

Извадок од книгата

Нарачај дома

Игнаци Карпович (1976)

Игнаци Карпович е полски писател, прозаист и литературен преведувач. Првите години од животот ги поминал во селото Случанка, а потоа заедно со родителите се преселил во Бјалисток. Студирал хуманистички студии на Варшавскиот Универзитет.

Досега е автор на шест романи, од кои секој од нив бил номиниран и влегол во најтесниот круг за двете најпрестижни награди во Полска – Paszport Polityki и Nike. Со романот Баладини и романси ја освоил наградата Paszport Polityki 2010. Со романот Ości стигна до финалето на литературната наградата Nike 2011 и ја освои наградата од публиката. Романот Соња, исто така, влезе во финалето на оваа најголема литературна награда во Полска во 2015 година.    

Препорачај ја книгата