обата“ е роман за модерната бирократија и за човечката имагинација. Бјорн е државен службеник кого дневната рутина комплетно го потиснува и не може да се пронајде во секојдневната комуникација со паразитите во современото бирократско општество. Романот делумно е психолошка драма бидејќи го прикажува постепеното преоѓање во лудилото на еден човек кој страда од ментално нарушување; делумно е комедија бидејќи ја исмева корпоративната култура и меѓусебно отуѓените службеници која таа ги произведува. Карлсон успева да направи совршена комбинација од смешното, нереалното и шокантното. Стилски одлично напишано, духовито и досетливо, „Собата“ е инспиративно четиво кое претставува модерна бајка која е задолжителна литература за сите канцелариски работници.
Превод од шведски јазик: Родна Русковска
Број на страници: 156
Едиција: Аквамарин | Формат: 195×125

Јунас Карлсон (1971)
Јунас Карлсон е шведски прозаист, драматург и актер. Карлсон е еден од најпознатите шведски актери, своите врвни актерски способности ги искажал во голем број филмски и театарски остварувања, како и во телевизиски серии. Во 2005 година Карлсон дебитирал во драматургијата, за што добил голем број позитивни рецензии од критиката и од читателите. Охрабрен од добрите критики, Карлсон почнал да пишува и проза. Набргу се искачува на највисоките скалила во хиерархијата на современата скандинавска литературна фикција. Досега Карлсон е автор на шест прозни дела.
