Миљенко Јерговиќ – Сараевско марлборо

Миљенко Јерговиќ – Сараевско марлборо

К

ога духовната срж на овие приказни, типот на постоењето од кое се опфатени неговите ликови, би требало да се определени со кратка, афористична формула, најточно би било да се рече дека таа пред читателот се појавува како одговор на прашањата што би му се случило на Швејк кога, по некоја случајност, би се затекнал во светот на „Процес“ од Кафка. Бидејќи, војната во која се сместени не се појавува во нивниот живот како целен процес, како нешто што, колку и да е страшно, има релативно разбирлив почеток и барем ронка предвидливост, туку како нешто сепроникливо но неспознајно, како анонимна сила на прелевањето на светот… Ликовите на Јерговиќ се чувари на душата на малите нешта, на нешто, што било, во себе или околу себе што притаено ќе опстане во меѓупросторот на животот и смртта… Иво Жаниќ, Вјесник Читајте ја оваа книга: во Сараево умираа многу луѓе, а таму се раѓаше и XX век. Овие раскази зборуваат за она што ќе се случи кога ќе заборавиме на својата есенцијална трошност; Јерговиќ покажува дека она што нѐ обединува не може да се негира, а она што нѐ раздвојува лесно може да стане кобно. Овој класик на антивоената проза е предупредување за огромната човечка цена што ја плаќаме кога ги мразиме другите.

Ричард Фланаган

Превод од хрватски јазик: Ѓоко Здравески

Број на страници: 140

Едиција: Аквамарин | Формат: 195×125

Извадок од книгата

Нарачај дома

Миљенко Јерговиќ (1966)

Миљенко Јерговиќ е роден 1966 година во Сараево. За првата збирка поезија, „Опсерваторија Варшава“, ја добива Горановата награда и наградата Мак Диздар. На почетокот на деведесеттите започнува соработка со Неделна Далмација, а во 1993 се сели во Загреб. Веќе со првата збирка раскази, „Сараевско марлборо“ стекнува меѓународно признание, а за таа книга ја добива наградата за мир „Ерих Марија Ремарк“. Напишал повеќе од триесет книги и е најпреведуваниот хрватски автор во последните неколку децении.

Препорачај ја книгата