Миљенко Јерговиќ – Рута Таненбаум

Миљенко Јерговиќ – Рута Таненбаум

В

еста за Рута Таненбаум, миленичката на предвоената загрепска театарска сцена, допира дури до Хитлер. Сепак, по создавањето на Независната Држава Хрватска во 1941 година, Рута еден ден се буди како обична Еврејка и нејзиниот живот драстично се менува… Фабулираната биографија на хрватската Ширли Темпл истовремено е прониклива студија на загрепското малограѓанство. Јерговиќ ги става под лупа душите на обичните луѓе, кои одеднаш стануваат крвожедни усташи, а тогаш на местото од добронамерната иронија и хуморот доаѓа автентичниот гнев. Преку фантазијата на читателот минува колоритен воз од приказни полни со фантастика. Дури и суровата смрт малку се крие во таа фантастика. И од секоја приказна заплашува човечката свирепост, бидејќи во човекот толку има добрина „колку што има шафран во на сиромавиот кашата “. Ниедна од овие приказни нема добар завршеток. Злокобната басна го навестува крајот на светот, кој ќе започне од улицата Гундулиќева.

Превод од хрватски јазик: Ѓоко Здравески

Број на страници: 347

Едиција: Аквамарин | Формат: 195×125

Извадок од книгата

Нарачај дома

Миљенко Јерговиќ (1966)

Миљенко Јерговиќ е роден 1966 година во Сараево. За првата збирка поезија, „Опсерваторија Варшава“, ја добива Горановата награда и наградата Мак Диздар. На почетокот на деведесеттите започнува соработка со Неделна Далмација, а во 1993 се сели во Загреб. Веќе со првата збирка раскази, „Сараевско марлборо“ стекнува меѓународно признание, а за таа книга ја добива наградата за мир „Ерих Марија Ремарк“. Напишал повеќе од триесет книги и е најпреведуваниот хрватски автор во последните неколку децении.

Препорачај ја книгата