Вилијам Б. Јејтс – Црвениот Ханрахан и други приказни

Вилијам Б. Јејтс – Црвениот Ханрахан и други приказни

З

бирката „Црвениот Ханрахан и други приказни“ е рефлексија на длабокиот, долготраен интерес на Јејтс за зачувување и величење на ирската историја и култура, неговата посветеност кон зачувувањето на спомените за келтските митолошки ликови и суштества, а особено неговата фасцинација со поетот, бардот, чија мудрост и значајност во секојдневниот живот на луѓето го издигнуваат од обичните смртници и го возвишуваат кон божествата. Сите приказни го содржат препознатливиот печат на Јејтс и неговата лична интерпретација на келтската митологија и окултните легенди, чие богатство со настани, ликови и значења е мошне импресивно. Овие шармантни фантазии, обвиени во мистичен тон и преплетени со стихови, ќе бидат особено привлечни за обожавателите на богатата келтско-ирска култура.

Автор: Вилијам Б. Јејтс (1865–1939)

Превод од англиски јазик: Кристина Димкова

Број на страници: 183

Едиција: Арс Магна | Формат: 180×110

Извадок од книгата

Нарачај дома

Препорачај ја книгата