Расположенијата на Хиполит Колбас

Расположенијата на Хиполит Колбас

Н

е постои покаприциозен јазовичар од Хиполит Колбас. Ту ќе падне во длабоко размислување, ту ќе прави гримаси над чинијата, ту ќе кука над својата судбина, ту… Е, ова куче си има расположенија, си има. Не е лесно да се биде негов другар. За тоа е потребно ангелско трпение и огромно спокојство. Кој ги има? Мачорот Среќко Котлев, верниот другар, кој без двоумење ќе одговори на секој СМС, ќе го нахрани со колбавчиња, ќе помогне да го пронајде загубеното расположение. Па, дури и ќе ја предаде својата желба, зашто што не се прави за пријателството…

Автор: Роксана Јенджејевска-Врубел

Превод од полски јазик: Филип Димевски

Број на страници: 40

Едиција: Вртелешка | Формат: 240×240 тврд повез

Извадок од книгата

Нарачај дома

Препорачај ја книгата