асказите на Грабињски се карактеризираат со препознатлив литературен стил во којшто преовладуваат парапсихолошки, магични, демонолошки и фантастични мотиви. Во творбите, во на почетокот „обичниот“ живот на ликовите почнуваат да се појавуваат таинствени и необични појави, а конфронтацијата со нив во изненадувачки завршеток го доведува главниот лик до внатрешни промени или, значителни почесто, до катастрофа. Местото на дејствието се провинциски гратчиња, напуштени градби, заборавени железнички станици. Описите на световите креирани од страна на Грабињски се карактеризираат со голема грижливост за детали, својствена за реалистичката проза, но сепак нарацијата пред сѐ се карактеризира со особена склоност за неверојатност и тензија. Најизразити мотиви коишто се присутни во творбите на Грабињски се: проблемот на идентитетот, постоењето на нарушувањето на реалноста или на паралелните реалности, задгробниот живот, фасцинацијата од достигнувањата на науката и паранауката, натприродните причини на лудилото или мотивот femme fatale. Збирката Мистични приказни е избор од пет раскази од коишто по два се објавени во збирките Книга на огнот и Неверојатни приказни, а еден од збирката Лудиот мисионер.
Автор: Стефан Грабињски (1887–1936)
Превод од полски јазик: Лидија Танушевска
Број на страници: 125
Едиција: Арс Магна | Формат: 180×110