Доминик Фортје – Во опасност од морето

Доминик Фортје – Во опасност од морето

В

о 2016 година, делото „Во Опасност од Морето“ е добитник на наградата Governor General’s Award за францускојазична фикција. Истовремено роман и лична исповед, „Во Опасност од морето“ е дело кое преку суптилна игра со фокализацијата, нежно испреплетува две приказни, измешани како испишани страници, ненадејно натопени со капки дожд. Едната раскажува за самата писателка, растргната помеѓу страста кон пишувањето и мајчинството, на кое е целосно посветена. Интимни размисли за судирот помеѓу љубовта кон јазикот и љубовта кон својата ќерка. Другата раскажува за сликарот на портрети од петнаесеттиот век, кој по смртта на неговата љубена, во потрага по сопствената верба и потреба за сликање, прибежиште наоѓа во манастир на остров во Франција. И двете приказни, напишани со извонредно богата лексика и поетски јазик, и покрај временската оддалеченост од пет века, ги поврзува магијата на манастирот Мон Сен Мишел и страста кон книгите.

Превод од француски јазик: Катерина Василевска

Број на страници: 147

Едиција: Аквамарин | Формат: 195×125

Извадок од книгата

Нарачај дома

Доминик Фортје (1972)

Доминик Фортје е писателка и преведувачка од Квебек, Канада. По завршувањето на докторските студии по француска литература на Универзитетот Мек Џил, започнува да работи како редактор/уредник, преведувач и издавач. Нејзината прва новела Du bon usage des étoiles (2008), беше финалист на Governor General’s Literary Award и е добитник на наградата Prix Gens de mer на Saint-Malo Étonnants Voyageurs film and literary festival.

Автор е на пет романи и повеќе преводи.

Во 2016 година, делото „Во Опасност од Морето“ е добитник на наградата Governor General’s Award за францускојазична фикција. 

Препорачај ја книгата