Теодор Фонтане – Ефи Брист

Е

фи Брист е ќерка на благородник од Северна Германија. На седумнаесетгодишна возраст се мажи за баронот Герт фон Инштетен, маж двојно постар од неа, којшто некогаш неуспешно претендирал за раката на мајката на Ефи. Тие усилби биле отфрлени поради неговата ниска општествена положба, којашто во меѓувреме значително се подобрила.

Љубовниот мотив овде е изговор за прикажување на пошироки проблеми. Ефи Брист искажува незадоволство кон моралниот канон, којшто обврзува во сферите на пруската буржоазија, каде што се одобрува брак без љубов, а го задушува гласот на срцето и ги уништува чувствата во име на неправилно сфатената чест.

Ефи Брист се смета за ремек-дело на Теодор Фонтане. Романот досега има доживеано две екранизации на филмското платно во 1970 и 1974 година.

Автор: Теодор Фонтане (1819–1898)

Превод од германски јазик: Јана Илиевска

Број на страници: 383

Едиција: Арс Магна | Формат: 180×110

Извадок од книгата

Нарачај дома

Препорачај ја книгата

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *