Бегемот на Друга приказна #5

Бегемот на Друга приказна #5

Бегемот учествува во програмата на петтото издание на книжевниот фестивал „Друга приказна“, кое ќе се одвива од 3 до 5 септември во Младинскиот културен центар.

Во продолжение, можете да ја погледнете програмата на фестивалот:

 

ГРОЗОВИЛАТА ВО СТРАШНАТА ШУМА

фестивал на детската книжевност

03.-05. септември, Младински културен центар, Скопје

Од 3 до 5 септември ќе се одржи петтото издание на книжевниот фестивал Друга приказна, под наслов: Грозовилата од страшната шума (според истоимената книга на Јана Бауер).

Јана Бауер, писателка за деца од Словенија, е добитничка на главната награда, а фестивалот е посветен на книжевноста за деца.

Во трите фестивалски денови предвидени се десетина настани, од кои повеќето се со и за деца.

 

 

ПРОГРАМА

03.09.20. (четврток)

19.00. – ГРОЗОВИЛАТА ПРИСТИГНУВА ВО СТРАШНАТА ШУМА

Промоција на списанието МАРГИНА 92 (комплетно детски број);

промотор: Никола Гелевски

19.30. – Отворање на изложбата ПЕТ ГОДИНИ ДРУГА ПРИКАЗНА;

промотор: Владимир Јанчевски;

фотографии изложуваат: Ванчо Џамбаски, Јелена Белиќ, Драги Неделчевски и Небојша Гелевски

20.00. – ОВДЕ ПАЃААТ КРУПНИ ЗБОРОВИ; книжевен натпревар со творби за деца;

учествуваат: Румена Бужаровска, Николина Андова Шопова, Калина Малеска, Владимир Лукаш, Владимир Мартиновски, Петар Андоновски, Билјана Црвенковска, Снежана Стојчевска, Д. А. Лори, Ана Аврамовска, Катерина Трајановска, Ана Голејшка Џикова…; водител: Ѓоко Здравески

 

04.09.20. (петок)

17.00. – КАКО ИЗГЛЕДА ГРОЗОВИЛАТА?; деца ја цртаат Грозовилата;

аниматор: Доротеј Нешовски

(детали за настанот: https://okno.mk/node/85988)

18.30. -ГРОЗОВИЛАТА ГО СКРОТУВА ДИВИЛОТО; разговор за книжевноста за деца во С. Македонија;

учествуваат: Никола Гелевски, Ване Костуранов, Билјана Црвенковска и Марија Тодорова

20.00. – ПРЕТСТАВУВАЊЕ НА ЈАНА БАУЕР, добитничка на главната награда на фестивалот

– Сценско-театарски ПРИКАЗ НА ГРОЗОВИЛАТА;

режија: Нела Витошевиќ

21.00. – ТEATAР НА СЕНКИ – Наш мал театар

-„Заробената љубов“ (16 мин; за сите возрасти)

– „Девојчето со дрвото во портокаловото кралство“ (20 мин; за публика над 6 години)

 

05.09.20. (сабота)

18.00. ГРОЗОВИЛАТА ПРИРЕДУВА КНИЖЕВНА ЧАЈАНКА;разговори за книги со деца;

аниматори: Биљана Црвенковска, Никола Гелевски, Фросина Крушкаровска…

20.00. Концерт: МОЈАТА ОМИЛЕНА ПЕСНА ЗА ДЕЦА;изведувачи: Ана Христова, Ива Дамјановски, Долорес Поповиќ, Џијан Емин, Оливер Јосифовски, Лепи Џони, Ненад Тонкин, Лукаш & Јовановиќ, Харикли & Лукаш, Сашко & Олег Костов, Сецко & Исак Хаџиќ…

 

НАПОМЕНА

Сите три дена, од четврток до сабота, од 17 до 22 часот, на платото пред МКЦ ќе се продаваат книги за деца на издавачите: Темплум, Артконект, Чудна шума, Гаврош и Бегемот.

Автор на плакатот за фестивалот е Ѓорѓе Јовановиќ.

(*Фестивалот ќе ги почитува сите здравствени протоколи за одвивање на културни настани.)