Драго Јанчар – Џојсовиот ученик

Драго Јанчар – Џојсовиот ученик

„Џ

ојсовиот ученик“ од Драго Јанчар е збирка раскази изградени околу ликови вовлечени во значајни историски настани. Насловниот расказ е инспириран од страшната и вистинска животна приказна за Борис Фурлан, млад човек што одел на часови по англиски јазик кај Џејмс Џојс, додека тој предавал на универзитетот во Трст, воведувајќи ги своите студенти во суптилностите на јазикот преку описите на газиена ламба. Додека приказните обработуваат разни теми на различни локации и ситуации, од службено патување во Њујорк до аџилак до Сантијаго де Компостела, наративите споделуваат расположение на опасност и мрачност. Анонимни армии вршат масакри, лекар е опседнат со очите на Ајнштајн… Но, и покрај целата бруталност и смрт, читателот не ја чувствува книгата како мрачно или депресивно четиво. Низ расказите се чувствува и повев на остра смисла за хумор, што ја отвора вратата за нова светлина. Опишан како „сеизмолог на хаотичната историја“, Јанчар се потврдува како еден од водечките словенечки литературни гласови на неговата генерација преку оваа исклучителна збирка кратка фикција.

Превод од словенечки јазик: Давор Стојановски

Број на страници: 161

Едиција: Аквамарин | Формат: 195×125

Извадок од книгата

Нарачај дома

 

Драго Јанчар (1948)

Драго Јанчар – словенечки современ писател. По завршувањето на средното хемиско училиште, се запишал на Правниот факултет во Марибор, каде што станал уредник на студентскиот весник. Наскоро дошол во судир со комунистичките власти околу неговите критички текстови против владејачкиот режим. Во 1974 година бил уапсен од југословенските власти под обвинение за „ширење непријателска култура“. Јанчар бил затворен една година, но откако ги отслужил првите три месеци, бил ослободен. По завршувањето на воена служба, Јанчар се посветил на пишувањето и оттогаш неговата кариера оди во нагорна линија. По преселувањето во Љубљана, станал уредник на списанието „Матица словенска“, вбројувајќи се во редовите на писателите, уметниците и интелектуалците познати по нивниот негативен став кон комунистичкиот режим. Првично, Јанчар не бил во можност да ги објави своите книги во Словенија, но по смртта на Тито, прво се стекнува со слава како драмски писател и филмски сценарист, а од 1980-те станува еден од најталентираните современи словенечки писатели не само во границите на поранешна Југославија, туку и во Европа. Автор е на голем број афирмирани романи, драми, есеи и раскази и е добитник на бројни престижни домашни и европски награди.

Препорачај ја книгата