Никола Дикнер – Шест степени слобода

Никола Дикнер – Шест степени слобода

„Ш

ест степени слобода“ е роман за современото бегство од монотоното секојдневие. Обидот на Лиза, млада девојка со многу мечти и малку пари, да се ослободи од границите и притисоците на нуклеарните (семејни) и комплексните (државни) социјални структури, е ситуиран во необичен контекст: габаритниот и сложен свет на меѓународниот товарен поморски транспорт. Во подвигот ѝ помагаат хакерот Ерик, другар од детството, и Џеј, службеничка во Кралската канадска жандармерија, заробена во системот од кој Лиза се обидува да избега. Во романот се сопоставени агорафобичноста и клаустрофобичноста на различните карактери, индустриската автоматизираност и провинцијалниот пејзаж, дигиталните тврдини и индивидуалната проникливост, обврските кон надворешниот свет и интимните копнежи, животот под лупа на безбедносните служби и фантомското измолкнување.

Превод од француски јазик: Катерина Василевска

Број на страници: 284

Едиција: Аквамарин | Формат: 195×125

Извадок од книгата

Нарачај дома

Никола Дикнер (1972)

Никола Дикнер е современ канадски писател. Колумнист, патешественик и автор на неколку книги, меѓу кои и збирката раскази „Енциклопедија на малиот круг“ (2000) и романите „Николски“ (2005) и „Шест степени слобода“ (2015). Добитник е на многу национални и меѓународни книжевни награди, вклучувајќи ја и бележитата Governor General’s Literary Award за романот „Шест степени слобода“.

Дикнер живее во Монтреал, Квебек, но неговата фикција патува низ целиот свет. Таа во себе го внедрува немирниот дух на младиот вагабонт, кој талка низ географските и дигиталните релјефи во потрага по својата слобода.

Препорачај ја книгата