Патрик Девит – Браќата Систер

Патрик Девит – Браќата Систер

„Б

раќата Систер“ претставува омаж кон класичниот вестерн роман трансформиран во незаборавен комичен книжевен триумф. Ова е приказна полна со извонредно насликани ликови – губитници, измамници, отпадници од сите сфери на животот – раскажана од комплексен и убедлив наратор. Романот е насилна и страсна одисеја низ подземјето на Дивиот Запад во втората половина на XIX век, која прекрасно го доловува хуморот, меланхолијата и смелоста на Дивиот Запад и на двајцата браќа кои ги врзува крвта, насилството и љубовта во времето на златната треска во Америка.

Превод од англиски јазик: Кристина Димкова

Број на страници: 302

Едиција: Аквамарин | Формат: 195×125

Извадок од книгата

Нарачај дома

Патрик Девит (1975)

Патрик Девит е канадски романописец и сценарист. Роден е на островот Ванкувер во Британска Колумбија. Подоцна живеел во Калифорнија и во Вашингтон. Во моментов живее во Портланд, Орегон.

Неговиот втор роман, „Браќата Систер“ во 2011 година влезе во потесниот избор за Man Booker Prize, Scotiabank Giller Prize, Rogers Writers’ Trust Fiction Prize и Governor General’s Award for English language fiction. Тој беше еден од двајцата канадски автори кои успеаја да се најдат на сите четири листи за награди. Во 2011 беше прогласен за добитник на Rogers Prize и Governor General’s Award for English language fiction. На 26-ти април 2012, романот „Браќата Систер“ ја освои Stephen Leacock Award 2012. Овој роман влезе во потесниот круг и за Walter Scot Prize за историска фикција.

Препорачај ја книгата