Радка Денемаркова – Парите од Хитлер

Радка Денемаркова – Парите од Хитлер

Г

ита Лаушман во 1945 година се враќа дома од концентрациониот логор, но се покажува дека за неа – слично како и за голем број чехословачки жители со еврејско-германско потекло – времето на насилството и неправдата воопшто не завршило. Романот е запис на сеќавањето. Гита се враќа до настаните што се случиле пред половина век и бара отштета за нанесената неправда. Притоа открива дека она што го памети од детството во историскиот контекст престанува да биде еднозначно. Силен, трогателен, потресен, емотивен, стилски одлично напишан роман за страшните судбини на луѓето кои биле жртви на нацизмот.

Превод од чешки јазик: Маргарета Карајанова

Број на страници: 280

Едиција: Аквамарин | Формат: 195×125

Извадок од книгата

Нарачај дома

Радка Денемаркова (1968)

Радка Денемаркова е чешка писателка, новинарка, драматург, сценарист, преведувач и автор на неколку значајни прозни дела. Студирала германистика и бохемистика на Карловиот универзитет во Прага, каде што докторирала. Работела научно во Институтот за литература при Чешката академија на науките и била литературен раководител во прашкиот театар Na zábradlí. Редовно објавува текстови во литературни списанија. Добитник е на престижната литературна награда Магнезија Литера (2007) за романот Парите од Хитлер. Денемаркова се смета за еден од најзначајните писатели во современата чешка литература.  

Препорачај ја книгата