Даниела Ходрова – Спирални реченици

Даниела Ходрова – Спирални реченици

Р

оманот „Спирални реченици“ е носител на чешката награда „Роман на годината“ во 2016 г. Авторката ја обива за него и престижната чешка книжевна награда „Магнезија литера“. Во него се тесно сврзани животната судбина на преведувачката и поетеса Бохумила Грегерова и сликарката Адриена Шимотова, на кои им е посветен романот. Авторката си ги доловува своите блиски, вклучително и починатите, во случки исполнети со сочувство, нежност и разбирање. Со нив се измешани судбините на помалку познатите, како и на фиктивните ликови, а од сето тоа се манифестираат метафизичките стравови на денешниот човек, кои се прелеваат од едно во друго дело на авторката.

 

Превод од чешки јазик: Маргарета Карајанова

Број на страници: 419  

Едиција: Аквамарин | Формат: 195×125

Извадок од книгата

Нарачај дома

Даниела Ходрова (1946)

Даниела Ходрова (Прага, 1946) е добитничка на наградите за литература „Франц Кафка“ (2012) и „Магнезија литера“ (2016). Работела како уредник во издавачката куќа „Одеон“, а потоа на Институтот за чешка и за светска книжевност при чешката Академија на науките. Позната е како литературен теоретичар, поетеса, прозаист и преведувач. Во нејзините објавени дела се вбројуваат: „Барање на романот“, „Тхета“, „Марионети“, „Кралство на душите“, „Гледам град“, „Денот на Перун“, „Изгубени деца“, „Измачувачки град“, „Комедија“ „Доловување“, „Спирални реченици“ и др. Досега е преведена на англиски, германски, француски, бугарски и полски.

Препорачај ја книгата