Даниела Ходрова –  Повикување

Даниела Ходрова – Повикување

В

о некласичната фабула на романот „Повикување“ се преплетуваат поетичната, митолошко-легендарната и филозофско-егзистенцијалистичката нишка. Оживува минатото на Прага, испишано на гробиштата во Олшани како на палимпсест. Човечките, животинските ликови и персонифицираните марионети се преобразуваат едни во други, а од тоа не е исклучена ниту авторката. Магичниот свет на писателите и на театарските уметници од Народниот театар во Прага е изложен на минливоста зашто крајна дестинација му се болницата „На Франтишку“ и крематориумот во Мјелник.

Превод од чешки јазик: Маргарета Карајанова

Број на страници: 383  

Едиција: Аквамарин | Формат: 195×125

Извадок од книгата

 

Нарачај дома

 

Даниела Ходрова (1946)

Даниела Ходрова (Прага, 1946) е добитничка на наградите за литература „Франц Кафка“ (2012) и „Магнезија литера“ (2016). Работела како уредник во издавачката куќа „Одеон“, а потоа на Институтот за чешка и за светска книжевност при чешката Академија на науките. Позната е како литературен теоретичар, поетеса, прозаист и преведувач. Во нејзините објавени дела се вбројуваат: „Барање на романот“, „Тхета“, „Марионети“, „Кралство на душите“, „Гледам град“, „Денот на Перун“, „Изгубени деца“, „Измачувачки град“, „Комедија“ „Доловување“, „Спирални реченици“ и др. Досега е преведена на англиски, германски, француски, бугарски и полски.

Препорачај ја книгата