Чеслав Милош – Заробениот ум

Чеслав Милош – Заробениот ум

К

нигата „Заробениот ум“ е збирка од девет есеи пишувани во 1951 г., а објавени во 1953 г. од Литературниот институт во Париз. Првото издание во Полска било објавено во 1978 г., во тајност од цензурата, а официјалното – дури во 1989 г. Делото, во кафкијанско-орвеловски стил, преку параболи и алегории, го анализира процесот на развивањето интелектуална зависност кај источноевропската интелигенција во однос на политичките и економските принципи на сталинистичката доктрина. Карл Јасперс го опишал „Заробениот ум“ како фантастична студија за „разбивањето на човекот на две личности“ под влијание на огромниот идеолошки притисок. „Мојата книга, во одредена смисла, беше обид за борба против својот сопствен фатализам и песимизам.“ – Чеслав Милош

Превод од полски јазик: Филип Димевски

Број на страници: 348

Едиција: Перископ | Формат: 190 x 120 тврд повез

Извадок од книгата

Нарачај дома

Чеслав Милош (1911–2004)

Чеслав Милош – полски поет, прозаист, есеист, историчар на книжевноста, преведувач и дипломат. Од 1951 г. до 1989 г. живеел во емиграција – до 1960 година во Франција, потоа во САД. До 1980 година, во Полска бил забранет од цензурата. Од 1961 г. до 1978 г. бил професор по словенски јазици и книжевност на Калифорнискиот универзит во Беркли и на Харвард. Во 1993 г. година се вратил во Полска. Добитник е на Нобелова награда за литература во 1980 година. Носител е на најголеми книжевни и општествени признанија. Бил член на Полската академија на науките и на Здружението на полските писатели. Почива во Криптата на заслужните во Скалка, Краков, Полска. Автор е на голем број поетски и есеистички дела, како и на три романи: „Долината на Иса“, „Освојување власт“ и недовршениот роман „Планината на Парнас“. Неговото творештво е преведено на 44 јазици.

Препорачај ја книгата