Букер 2019: Маргет Атвуд

Маргарет Атвуд е една од двете добитнички на Букеровата награда за 2019 година. Две дела од Атвуд се достапни во издание на Бегемот: „Приказната на робинката“ и „Алиас Грејс“, два романи со несомнено култен статус во современата светска фикција. Преводот на двете книги е во авторство на Кристина Димкова. „Приказната на робинката“ е дистописки роман, сместен во…

Нобелова награда за Олга Токарчук

Олга Токарчук, еден од најсвоеобразните и најпроникливите гласови на современата светска книжевност, е добитник за Нобеловата награда за литература! Наградата, која лани беше вонредно одложена поради скандал во Кралската шведска академија, годинава е двојно доделена: на Олга Токарчук (Полска), за 2018 г., и на Петер Хандке (Австрија), за 2019 г. „За раскажувачката вообразба што со…

Чеслав Милош - Заробениот ум

Превод од полски јазик: Филип Димевски страници 348 формат: 190 x 120 цена: 600 ден. тврд повез „Заробениот ум“ е збирка од девет есеи пишувани во 1951 г., а објавени во 1953 г. од Литературниот институт во Париз. Првото издание во Полска било објавено во 1978 г., во тајност од цензурата, а официјалното – дури…

Миљенко Јерговиќ - Сараевско марлборо

Превод од хрватски јазик: Ѓоко Здравески страници: 140 формат:195×125 цена:300 Кога духовната срж на овие приказни, типот на постоењето од кое се опфатени неговите ликови, би требало да се определени со кратка, афористична формула, најточно би било да се рече дека таа пред читателот се појавува како одговор на прашањата што би му се случило…

Вилијам Б. Јејтс - Црвениот Ханрахан и други приказни

Превод од англиски јазик: Кристина Димкова страници: 183 формат:180×110 цена: 250 Збирката „Црвениот Ханрахан и други приказни“ е рефлексија на длабокиот, долготраен интерес на Јејтс за зачувување и величење на ирската историја и култура, неговата посветеност кон зачувувањето на спомените за келтските митолошки ликови и суштества, а особено неговата фасцинација со поетот, бардот, чија мудрост…

Ѓорѓи Крстевски - Другата страна

страници: 114 формат: 185×110 цена: 200 „Другата страна“ е збирка кратки прозни форми од авторот Ѓорѓи Крстевски, создавани во текот на повеќе години. Тие се со различна големина и форма, при што секој од расказите е индивидуално дело, расказ кој гради еден свој специфичен свет што може да опстои и да егзистира самостојно. Централната точка,…

Карл-Јохан Валгрен - Приказна за една гротескна љубов

Превод од шведски јазик: Родна Русковска страници: 332 формат:195×125 цена:350 Јунакот на романот, Херкул Барфус, е глувонемо џуџе што поседува необична дарба за читање на туѓите мисли и за влијаење врз нив, како и за предвидување на иднината. Доаѓа на свет во јавна куќа, а мајка му умира за време на породувањето. Истиот ден, во…

Виолета Бојковска - Барем наутро

страници: 75 формат: 185×110 цена: 150 Имагинарното, структуирано во конкретни простори и ситуации, ја обвива оваа збирка раскази на Виолета Бојковска со атмосфера слична како кај современите јапонски раскажувачи. Неочекуваното и очекуваното, надворешното и внатрешното се преплетуваат во „доживувањата“ на ликовите кои говорат во некоја определена животна рамка, но со различен јазик. Писмото на Виолета…

Радек Мали - Франтишек од костенот, Анежка од сончогледите

Превод од чешки јазик: Маргарета Карајанова страници: 64 формат:190×160 цена: 300 Ретко кој ја сака есента. Во градовите жолта магла, смог и кисел дожд, во шумите суров студ, а на голите полиња – влажна земја. Токму во такво сурово невреме во шипкова грмушка се среќаваат двајца мали кревки бездомници… Приказната за Франтишек од костенот и Анежка…

Једрт Лапух Малезич - Воени бои

Превод од словенечки јазик: Иванка Баскар Апостолова страници: 163 формат:195×125 цена:250 Во збирката кратки раскази „Воени бои“ се среќаваме со неколку непредвидливи стории на авторката Једрт Лапух Малезич, кои на различен начин зборуваат за секојдневниот живот, за емоциите и за доживувањата на припадниците на ЛГБТ заедницата во Словенија, и на оние латентни и/или интимно реализирани хомосексуалци кои…