Промоција на „Уште еден ден живот“ во Битола

Промоција на „Уште еден ден живот“ во Битола

Ве покануваме на промоција на преведените дела од Ришард Капушќињски во Задруга Артикултура на 29 септември во 17 часот. Гостува: Лидија Танушевска – преведувачката Промотор:  Филип Димевски – Издавачка куќа БЕГЕМОТ Модератор: Андреј Јованчевски – Издавачка куќа БЕГЕМОТ

Семјуел Бекет - Повеќе бодила од ритање

Превод од англиски јазик: Кристина Димкова страници: 247 формат:180×110 цена: 300 Повеќе бодила од ритањe (1934) е циклус од 10 раскази кои, според првичната замисла, формираат наративна целина во која е исцртан животот на првиот Бекетов антијунак. Од раните студентски денови во Даблин, па сè до неговата смрт, прикажани се животните патешествија, средби и вљубувања на…

Миљенко Јерговиќ - Рута Таненбаум

Миљенко Јерговиќ - Рута Таненбаум

Превод од хрватски јазик: Ѓоко Здравески страници: 347 формат:195×125 цена:400 Веста за Рута Таненбаум, миленичката на предвоената загрепска театарска сцена, допира дури до Хитлер. Сепак, по создавањето на Независната Држава Хрватска во 1941 година, Рута еден ден се буди како обична Еврејка и нејзиниот живот драстично се менува… Фабулираната биографија на хрватската Ширли Темпл истовремено…

Хорхе Луис Борхес - Историја на вечноста

Превод од шпански јазик: Ненад Велковски страници: 149 формат:180×110 цена: 300 „За нас проблем е времето, трепетлив проблем, можеби највиталниот од метафизиката; вечноста – игра или тегобна надеж.“ Овој цитат од славниот есеј на Борхес – Историја на вечноста (1935 г.), ја навестува темата на двете други скици – Доктрината за циклусите (1934 г.) и…

Игнаци Карпович - Соња

Игнаци Карпович - Соња

Превод од полски јазик: Филип Димевски страници: 167 формат:195×125 цена:250 Во животот на Соња се завршило одамна, многу одамна, заедно со војната. Тогаш толку преживеала и почувствувала што потоа веќе ниту живеела ниту чувствувала, имајќи ги само спомените и кучешкото ремче со готски натпис. Случајната средба покрај селскиот пат го означува почетокот на приказната која…

Милко Бојковски - Фотографии од пеколот

Милко Бојковски - Фотографии од пеколот

страници: 80 формат:185×120 цена:150 „Прозниот ракопис Фотографии од пеколот на Милко Бојковски покажува одредена авторска зрелост и виртуозност на редок талент. Неговата виртуозност се однесува токму на проблемите на младиот човек. Односот со светот, микрокосмосот, слоевитоста на расказите вклучува во себе живот во кој владеат сексот, дрогата, насилството… и од оваа перпектива, прозата на младиот…

Очудувања #1

101 година откако Виктор Шкловски го воведе поимот „очудување“ (остранение) во мислата за книжевноста, определувајќи го како скршнување од автоматизмот на рецепцијата на книжевниот текст преку постапка на создавање особено, необично видување на неговиот предмет. Наместо вообичаеното приближување на „значењето“ кон сознанието на читателот, поетиката на очудувањето повикува човекот, предметот или појавата што уметникот ги…

Ладислав Клима - Страдањата на кнезот Штерненхох

Превод од чешки јазик: Донка Роус страници: 223 формат:180×110 цена: 250 ден. Романот Страдањата на кнезот Штерненхох се смета за најважно дело на Ладислав Клима. Тој претставува гротескен пандан на славното дело Страдањата на младиот Вертер од Гете. Романот ги следи перипетиите на главниот лик, кнезот Штерненхох, претставникот на дегенерираната пруска аристократија од времето на…

Михаил Булгаков - Доживувањата на еден мртовец

Превод од руски јазик: Ѓорѓи Крстевски страници: 272 формат:180×110 цена: 300 ден. Кратката проза на Михаил Булгаков по својот книжевен дострел стои рамо до рамо со неговите романи и драмски текстови. Пишувани во 1920-ите години и претежно објавувани во тогашните весници и списанија, овие раскази се полигонот во кој се развива писателскиот гениј на Булгаков.…

Радка Денемаркова - Парите од Хитлер

Радка Денемаркова - Парите од Хитлер

Превод од чешки јазик: Маргарета Карајанова страници: 280 формат:195×125 цена:250 Гита Лаушман во 1945 година се враќа дома од концентрациониот логор, но се покажува дека за неа – слично како и за голем број чехословачки жители со еврејско-германско потекло – времето на насилството и неправдата воопшто не завршило. Романот е запис на сеќавањето. Гита се…