Чарлс Буковски - Холивуд (II издание)

страници:256 формат:180×110 цена:300 ден Холивуд (1989) е претпоследниот роман за сагата на Хенри Кинаски, како што самиот Буковски вели: „роман за пишувањето на сценариото и снимањето на филмот Барфлај“, каде што во главните улоги се појавуваат Мики Рурк и Феј Данавеј. Холивуд е бескомпромисна иронија на холивудскиот свет на филмските ѕвезди, продуценти, сценаристи. Жешка критика на…

Хенрик Сјенкјевич - Скици нацртани со јаглен

страници:237 формат:180×110 цена:250 ден Скици нацртани со јаглен е избор од четири новели, коишто се сметаат за едни од најдобрите на Хенрик Сјенкјевич. Иако останале во сенка на неговиот огромен опус од историски романи, коишто на Сјенкјевич му донеле голема писателска слава, сепак неговите новели и раскази претставуваат многу важен елемент од неговото творештво. Скици нацртани…

Оскар Вајлд - Кантервилскиот дух

страници:65 формат:180×110 цена:140 ден Кантервилскиот дух е новела чиешто дејствие е сместено во еден стар англиски замок, каде што владее духот на сер Симон Кантервил. Духот бил непокорлив владетел на замокот, се’ додека едно американско семејство не се вселило во него и не започнале да се случуваат паранормални случувања, во коишто дури ни самиот дух не…

Бруно Шулц - Продавниците со боја на цимет / Санаториумот во знакот на Клепсидрата

  страници:423 формат:180×110 цена:380 ден Продавниците со боја на цимет и Санаториумот во знакот на Клепсидрата, се збирки раскази коишто ги раскажуваат семејните случки на трговско семејство од едно мало гратче, каде што не е тешко да се забележи сличноста со Дрохобич, родниот град на писателот. Авторот на тие случки им додава митолошки вредности, што е…

Оскар Вајлд - De Profundis

страници:165 формат:180×110 цена:220 ден. De Profundis е елоквентниот огорчен прекор на Оскар Вајлд напишан од затвор до неговиот љубовник Лорд Алфред Даглас („Боузи“). Во долгото писмо Вајлд го обвинува Лорд Алфред за себичност, плиткост, паразитство, алчност, расипништво, бес, ограниченост на духот и запоставување. Тој го спротивставува ваквото однесување кон него со несебичното посветување на неговиот близок…

Андреа Јанковски - Раскази кои немаат намера да бидат тоа

страници:139 формат:180×110 цена:200 ден. Раскази кои немаат намера да бидат тоа е зрел наративен ракопис од постмодерен тип, тоа се суптилни, проникливи откршоци од нашата стварност и секојдневие, пропуштени низ призмата на авторската раскошна имагинација, но и низ призмата на една завидна интелектуална наобразба која денес теоретичарите обично ја сместуваат во парадигмата интертекстуалитет. Андреа Јанковски е…