Хорхе Луис Борхес - Фикции

страници: 179 формат:180×110 цена:300 Збирката Фикции, објавена во 1944 година, е најважната и најпознатата збирка раскази од Борхес која му донела на писателот меѓународна слава. Плетејќи ги своите фабули, Борхес начнува разни литературни видови и форми, слободно поврзувајќи рецензии од непостоечки книги, фиктивни биографии, псевдоесеи, параболи, фантастични и криминалистички раскази. Секоја творба претставува монументално дело, кое…

Фернандо Песоа - Филозофски раскази

страници: 130 формат:180×110 цена:200 Собрани во оваа книга се неколку од многуте раскази од обемниот опус на фиктивна проза од Фернандо Песоа, карактеристични по својата фрагментираност и недовршеност. Филозофски или интелектуални раскази, како што ги нарекува Песоа, статични и без дејствие, каде што ликовите, Просјакот, Ѓаволот, Баронот од Тејве и Професорот Серзедаш се заплеткани во иницијациски…

Маргарет Атвуд - Приказната на робинката

страници: 374 формат:180×110 цена:300 Приказната на робинката е дистописки роман, сместен во блиска иднина во една тоталитарна христијанска теократија која извршила преврат врз американската влада. Романот е психолошко „реалистично“ и убедливо истражување на еден спротивен свет, кој во себе има значајна надреална врска со реалноста. Жестоко политички и мрачен, а истовремено мудар и хумористичен, Приказната на…

Јакуб Арбес - Свети Ксавериј

страници: 116 формат:180×110 цена:120 Сликата на свети Ксавериј што се наоѓа во црквата Св. Никола е обвиена во мистерија. Балко, авторот на ова генијално дело, на смртната постела оставил нејасно завештание во врска со делото. Постои сомнение дека делото е мапа која води до скриено богатство. Фамилијата на која Балко ѝ го оставил завештанието веќе од…

Владислав Ванчура - Разуздано лето

страници: 103 формат:180×110 цена:120 Тројца мажи на средна возраст – мајстор, мајор и поп – мрзеливо го минуваат времето во капалиштето во зафрлената Мала Бања. Наредните денови им минуваат во капење, ситни расправии и дискусии на сите можни теми. Свежина во нивните животи внесува пристигнувањето во гратчето на мал циркус, во чиј состав е само магионичарот-акробат…

Бруно Шулц - Митизација на реалноста

страници: 147 формат:180×110 цена:250 Митизација на реалноста е збирка од литературни есеи, раскази, записи и цртежи од Бруно Шулц, кои не биле застапени во неговите единствени две збирки Продавниците со боја на цимет и Санаториумот во знакот на Клепсидрата. Овие прозни текстови биле објавувани во угледни полски списанија во периодот од 1934-39 год. „Ова издание е…

Хорхе Луис Борхес - Извештајот на Броди

страници: 116 формат:180×110 цена:280 Во 1970 година, дваесет години по Алеф, Борхес ја објавува наредната збирка раскази. Самиот автор ќе ги дефинира творбите содржани во неа како „реалистички“, но тоа е многу карактеристичен реализам, полн со недоречености, презаситен со магија и необичност. Дејството на расказите се одвива некаде во сокаците на Буенос Аирес или на бескрајната…

Марио де Са-Карнеиро - Небо во оган

страници: 283 формат:180×110 цена:250 Небо во оган е исповед од утробата, од најтесните сводови на душата и телото за книжевно-боемските патешествија и превирања на младиот португалски писател. Раскази за невозможното, за езотеричното, за еротското, за заумното, за болните дијалози со сопството, опсесиите и менталните тегоби на творецот кој ја живее својата уметност во секој миг на…

Марио де Са-Карнеиро - Исповедта на Лусио

страници: 134 формат:180×110 цена:170 Исповедта на Лусио е едно од најважните дела на Марио де Са-Карнеиро, бидејќи ги обработува неговите три главни животни опсесии: самоубиството, перверзната љубов и ненормалниот развој кој кулминира со лудило. Приказната се развива меѓу Рикардо, Лусио и Марта, којашто е страсниот јазол меѓу нив двајца. Во форма на криминалистички роман, дејството започнува…

Амадо Нерво - Балкони

страници: 154 формат:180×110 цена:150 ден Балкони, роман напишан во форма на раскази инспириран од смртта на неговата сакана Ана Сесилија Луиса Даилјиес, за која ја напишал и збирката поезија Неподвижната сакана (1922). Роман за постоењето, значењето и губењето на животот од религиски, научен и метафизички аспект. Роман за сите вкусови, проплетен со историски и научни факти,…