Семјуел Бекет - Повеќе бодила од ритање

Превод од англиски јазик: Кристина Димкова страници: 247 формат:180×110 цена: 300 Повеќе бодила од ритањe (1934) е циклус од 10 раскази кои, според првичната замисла, формираат наративна целина во која е исцртан животот на првиот Бекетов антијунак. Од раните студентски денови во Даблин, па сè до неговата смрт, прикажани се животните патешествија, средби и вљубувања на…

Хорхе Луис Борхес - Историја на вечноста

Превод од шпански јазик: Ненад Велковски страници: 149 формат:180×110 цена: 300 „За нас проблем е времето, трепетлив проблем, можеби највиталниот од метафизиката; вечноста – игра или тегобна надеж.“ Овој цитат од славниот есеј на Борхес – Историја на вечноста (1935 г.), ја навестува темата на двете други скици – Доктрината за циклусите (1934 г.) и…

Ладислав Клима - Страдањата на кнезот Штерненхох

Превод од чешки јазик: Донка Роус страници: 223 формат:180×110 цена: 250 ден. Романот Страдањата на кнезот Штерненхох се смета за најважно дело на Ладислав Клима. Тој претставува гротескен пандан на славното дело Страдањата на младиот Вертер од Гете. Романот ги следи перипетиите на главниот лик, кнезот Штерненхох, претставникот на дегенерираната пруска аристократија од времето на…

Михаил Булгаков - Доживувањата на еден мртовец

Превод од руски јазик: Ѓорѓи Крстевски страници: 272 формат:180×110 цена: 300 ден. Кратката проза на Михаил Булгаков по својот книжевен дострел стои рамо до рамо со неговите романи и драмски текстови. Пишувани во 1920-ите години и претежно објавувани во тогашните весници и списанија, овие раскази се полигонот во кој се развива писателскиот гениј на Булгаков.…

Станислав И. Виткевич - Ненаситност

Превод од полски јазик: Филип Димевски страници: том I 339; том II 425 формат:180×110 цена: комлет 500 ден. Ненаситност е вториот од двата главни романи на Виткевич, кој почнал да го пишува веднаш по Збогување со Есента, а го завршил во 1927 г., иако бил објавен дури три години подоцна. Романот е обемна дистописка визија со…

Евгениј Замјатин - Џенем

Превод од руски јазик: Мирјана Наумовски страници: 138 формат:180×110 цена:150 ден.  Џенем е новела од раниот творечки период на Замјатин, напишана во времето на Царска Русија (1914). Во неа, како и во неколку други свои дела, авторот ја разработува темата на руската паланка низ објективот на гротескниот реализам. Новелата го претставува животот на еден сибирски…

Мигел де Унамуно - Магла

страници: 303 формат:180×110 цена:250 Магла е едно од клучните дела на Унамуно, кое го нарекува нивола – литературен жанр измислен од страна на авторот за да го ослободи делото од цврстите рамки на романот. Аугусто, главниот лик во романот, ни се прикажува како невротичен егзистенцијалист-романтичар. Тој страда од духовен неспокој поттикнат од неговата вертеровска егзалтација и,…

Михаил Булгаков - Белата гарда

страници: 372 формат:180×110 цена:300 ден. Белата гарда е роман за снежниот Киев зафатен од домашната војна. Тоа е роман за машкото пријателство и братската љубов; исто така за радоста, еуфорична и погубна, што им се случува на младите луѓе во предвечерието на битката, додека никој сѐ уште не загинал и никој не се свил во…

Хорхе Луис Борхес - Сеќавањето на Шекспир

страници: 74 формат:180×110 цена:150 Збирката Сеќавањето на Шекспир ги содржи последните четири раскази на Борхес, претставува резиме на целиот негов прозен опус. Во нив ги пронаоѓаме симболите, темите и опсесиите на писателот познати од претходните негови раскази: смртта, сеќавањето на минатото, бесконечноста, магичниот збор, розата, тигарот… Борхес пишува свој сопствен тестамент, а ликовите кои ги креира,…

Хорхе Луис Борхес - Универзална историја на нечесноста

страници: 106 формат:180×110 цена:200 Универзална историја на нечесноста содржи девет раскази од годините 1933-1934, како и шест пократки форми, неверојатни приказни. Кратките форми, инспирирани од арапските легенди, имаат карактеристики на параболи. Додека, пак, расказите се класични отсечки од наративна проза. Нивните јунаци се разни ништожници: крадец на идентитет, лажен пророк, пирати, њујоршки гангстер или, пак, легендарниот Били…