Летни приказни со Или-или и со Бегемот

Драги Бегемотчии, летото ни е на прагот, па редно време е да се опремиме со задолжителна „лектира“ за жештиниве! Или-или и Бегемот почнува со заедничка акција за попуст на сите изданија. Сите изданија ќе можете да ги најдете на попуст во книжарницата на Или-или во периодот од 21.06. до 01.09. Па, навали народе!

Continue Reading

Авторска средба со Александар Прокопиев и Сања Михајловиќ-Костадиновска

Драги читатели, со задоволство Ве покануваме на авторска средба со нашите автори Александар Прокопиев и Сања Михајловиќ-Костадиновска. Во недела од 17 до 19 час. повелете на дружба и гратис потпис на нивните дела!  

Continue Reading

Саем на книга 2018

САЕМОТ НА КНИГАТА 2018 САЕМОТ НА КНИГАТА како една од најзначајните културни манифестации во земјата обезбедува најголема концентрација на дела од домашни и странски автори, современи и класични литературни дела, стручна научна и белетристичка литература, учебници и училишни прирачници, енциклопедии и дела од областа на културата и уметноста. 30-тиот, по ред САЕМОТ НА КНИГАТА несомнено […]

Continue Reading

Очудувања #3

Чујте и почујте, се обајвува нова потерница по зборови-табиетлии! Потерницата се води под името „Очудувања #3“ и го задржува апелот на последната потерница од овој вид: сите совесни збороловци да се вклучат во потрагата. Правилата на потрагата остануваат исти: се бараат во доменот на кратката проза на македонски јазик. Уловот од првата и втората потерница е веќе документиран и […]

Continue Reading

ArtArea – Културна артерија на градот

д 22 до 24 декември во Кино Култура ќе се одржи фестивалот ArtArea – Културна артерија на градот Фестивалот ArtArea е време-место на поврзување на различните уметности: книжевност, филм, театар, музика, поетски перформанс, архитектура, фотографија, анимација, ракотворство… Вљубениците во еден или неколку од овие изразни медиуми ќе откријат непознати убавини другаде, каде што не ги […]

Continue Reading

Очудувања #2

Драги читатели, можете да спиете мирно! Сомнителните зборови се најпосле уловени. Совесните збороловци се покажаа неверојатно вешти и агилни – ги донесоа живи и пргави, какви што ги баравме. По извршените испитувања, утврдено е дека тие не ја загрозуваат безбедноста на умот, иако предизвикуваат нови процеси во неговата работа. Затоа, пуштајќи ги повторно на слобода, […]

Continue Reading

Промоција на „Уште еден ден живот“ во Битола

Ве покануваме на промоција на преведените дела од Ришард Капушќињски во Задруга Артикултура на 29 септември во 17 часот. Гостува: Лидија Танушевска – преведувачката Промотор:  Филип Димевски – Издавачка куќа БЕГЕМОТ Модератор: Андреј Јованчевски – Издавачка куќа БЕГЕМОТ

Continue Reading

Очудувања #2

Внимание! Внимание! ПОТЕРНИЦА „Очудувања #2“ Избегани се сомнителни зборови. Се повикуваат сите совесни збороловци да се вклучат во потрагата. Генералии на бандата: 1) Назив: КРАТКА ПРОЗА 2) Потекло: македонски јазик 3) Табиет: чуден и непостојан Се бараат живи и̶л̶и̶ ̶м̶р̶т̶в̶и̶ ! Последен рок за доставување на уловот: 01.08.2017 Станица за прием на уловот: andrej@begemot.local

Continue Reading

Очудувања #1

Првиот циклус од конкурсот за кратка проза „Очудувања“ заврши. Им благодариме на сите триесетина автори кои испратија еден или повеќе кратки прозни текстови во одговор на повикот. Беше сладок предизвик да се исчитаат и оценат стилската оригиналност, креативноста на наративната стратегија и инвентивноста на односот кон темата кај сите нив! Во збирката ќе бидат вклучени […]

Continue Reading