ошта (1971) е еден од низата автобиографски романи на Чарлс Буковски во кој е претставена суровата реалност на борбата за економски опстанок во една бирократска институција. Постојано во немилост помеѓу убиствените барања на службата и сопствените, „алкохоличарски“ склоности, Хенри Кинаски е истуркан во позиција на општествен маргиналец. Преку вулгарноста, сарказмот, црниот хумор и меланхолијата, Буковски во свој стил ја опишува својата неподнослива дванаесетгодишна служба во една калифорниска пошта, како и голем број сцени од сопствениот живот каде што неизбежни се жените, алкохолот и бројните бесмислици.
Автор: Чарлс Буковски (1920–1994)
Превод од англиски јазик: Горан Јаневски
Број на страници: 172
Едиција: Арс Магна | Формат: 180×110