Хорхе Луис Борхес – Универзална историја на нечесноста

У

ниверзална историја на нечесноста содржи девет раскази од годините 1933-1934, како и шест пократки форми, неверојатни приказни. Кратките форми, инспирирани од арапските легенди, имаат карактеристики на параболи. Додека, пак, расказите се класични отсечки од наративна проза. Нивните јунаци се разни ништожници: крадец на идентитет, лажен пророк, пирати, њујоршки гангстер или, пак, легендарниот Били Кид. Хорхе Луис Борхес ги пренесува своите читатели на мапите на Универзалната историја на нечесноста на разни места во светот – од САД во XIX век, во Јапонија од XVIII век, во Туркменистан, Чиле…

Иако авторските текстови на Борхес се помешани во збирката со оние што се создадени врз основа на чуени приказни, претставуваат негова сопствена интерпретација на туѓи приказни. Тие се позајмени, но живеат автономно, независно од примарните басни и легенди.

Автор: Хорхе Луис Борхес (1899–1986)

Превод од шпански јазик: Ненад Велковски

Број на страници: 106

Едиција: Арс Магна | Формат: 180×110

Извадок од книгата

Нарачај дома

Препорачај ја книгата