Хорхе Луис Борхес – Извештајот на Броди

В

о 1970 година, дваесет години по Алеф, Борхес ја објавува наредната збирка раскази. Самиот автор ќе ги дефинира творбите содржани во неа како „реалистички“, но тоа е многу карактеристичен реализам, полн со недоречености, презаситен со магија и необичност. Дејството на расказите се одвива некаде во сокаците на Буенос Аирес или на бескрајната пампа. Во таа сценерија се појавуваат двата најважни мотива на Извештајот на Броди: патеките на минатото коишто се разгрануваат и ја пресекуваат сегашноста, и вкрстените ножеви (во преносна смисла или буквално) во безусловна борба за жена, чест и вистина.

Автор: Хорхе Луис Борхес (1899–1986)

Превод од шпански јазик: Ненад Велковски

Број на страници: 116

Едиција: Арс Магна | Формат: 180×110

Извадок од книгата

Нарачај дома

Препорачај ја книгата

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *