Маргарет Атвуд – Завети

Маргарет Атвуд – Завети

„Н

ашето заедничко време, читателу, се приближува кон крајот. Веројатно на овие мои страници ќе гледаш како на кревка кутија со богатство, која треба да се отвори со крајна внимателност. Веројатно ќе ги искинеш или ќе ги запалиш: тоа често им се случува на зборовите.“ „Во рацете држиш опасно оружје наполнето со тајните на три жени од Галад. Тие ги ризикуваат своите животи заради тебе. Заради сите нас.“ „Пред да влезеш во нивниот свет, наоружај се со овие мисли: Знаењето е моќ и Историјата не се повторува, но се римува.“

Превод од англиски јазик: Кристина Димкова

Број на страници: 435

Издание вон едиција

Извадок од книгата

Нарачај дома

Маргарет Атвуд (1939)

Маргарет Атвуд е автор на повеќе од педесет книги проза, поезија и критички есеи. Во нејзините најзначајни дела спаѓаат романите Мачкино око, Невестата крадливка, Алиас Грејс, Слепиот убиец итн. Култниот роман на Атвуд од 1985 г. Приказната на робинката, се врати на листите на бестселери со изборот на Доналд Трамп за претседател на САД, кога робинките станаа симбол на отпорот против обезвреднувањето на жените, како и со промоцијата на наградуваната телевизиска серија на Канал 4, во 2017 г. Атвуд има добиено бројни награди, вклучувајќи ги наградата Букер, наградата Артур Ч. Кларк за имагинацијата во служба на општеството, наградата Франц Кафка, Германската мировна книжевна награда, како и наградата за животно дело на ПЕН САД. Во 2019 г, стана член на Редот на кавалерите на честа за своите достигнувања во литературата. Има работено и како илустраторка, либретистка, драмска писателка и кукларка. Живее во Торонто, Канада.

Препорачај ја книгата