ликата на свети Ксавериј што се наоѓа во црквата Св. Никола е обвиена во мистерија. Балко, авторот на ова генијално дело, на смртната постела оставил нејасно завештание во врска со делото. Постои сомнение дека делото е мапа која води до скриено богатство. Фамилијата на која Балко ѝ го оставил завештанието веќе од трето колено е посветена на разоткривањето на тајната на сликата. Последниот човек кој најдлабоко навлегол во тајната е младиот Ксавериј, кој го посветува речиси целиот живот за нејзиното разоткривање. Дали ќе успее Ксавериј да ја открие целосно тајната? Во што, всушност, се состои целата таа мистерија?
Автор: Јакуб Арбес (1840–1914)
Превод од чешки јазик: Драган Георгиевски
Број на страници: 116
Едиција: Арс Магна | Формат: 180×110