Јоханес Анјуру – Ќе се удават во солзите на своите мајки

Јоханес Анјуру – Ќе се удават во солзите на своите мајки

„Ќ

е се удават во солзите на своите мајки“ е книга за надежта и за безнадежноста. Дејството е сместено во сегашноста и почнува со хаотичен, страшен терористички напад за време на промоцијата на делото на контроверзен цртач на стрипови во книжарница во Гетеборг. Девојката, која е еден од напаѓачите, чувствува дека умот сака да ѝ каже нешто – дека не треба да е таму каде што се наоѓа, дека не треба да го прави тоа што го прави – и во последен момент прави очаен избор, става крај на сè. Потоа приказната се поместува за две години од тој настан и централен лик е писател, кој, по иницијатива на девојката, ја посетува во психијатриската институција во која таа се наоѓа. Му дава страници испишани со нејзиното видување за тоа што ѝ се случувало и вели дека е од паралелна иднина. Писателот почнува да го истражува настанот и тука, фокусот на романот се префрлува на прикажувањето на можната иднина што го чека западноевропскиот свет, доколку не се справи правилно со исламофобичните тенденции во неговите рамки.

„Ќе се удават во солзите на своите мајки“… е текст којшто е длабоко поврзан со времето во кое е создаван, со духот на нашето време. Се работи за многу актуелен роман кој претставува неколку страшни тенденции карактеристични за денешницата: пред сè тенденцијата стравот и омразата да доаѓаат во пакет во нашето време и да раѓаат и потхрануваат тероризам и фашизам.

Матијас Хагберг, Göteborgs-Posten

Превод од шведски јазик: Родна Русковска

Број на страници: 276

Едиција: Аквамарин | Формат: 195×125

Извадок од книгата

Нарачај дома

 

Јоханес Анјуру
(1979)

Јоханес Анјуру е роден во Борос, Шведска во 1979 година, од татко со потекло од Уганда и мајка Швеѓанка. Дебитирал со збирката поезија „Само боговите се нови“. Неговата втора книга е во облик на мемоарски запис и е насловена „Дојде бура од рајот“. Таа се заснова на животот на неговиот татко и за неа има добиено неколку литературни награди. „Ќе се удават во солзите на своите мајки“ е наградена со наградата „Аугуст“ во 2017 година. Неговото дело го опишуваат како спој на стилот на добитникот на Нобеловата награда Томас Транстромер и на песните на еден хип-хоп бенд.

Препорачај ја книгата