Пелевин на Твитер

À propos

Ви пренесуваме 10 статуси од Твитер профилот на Виктор Пелевин.


Не знам сè, туку само она што ќе посакам да го знам. Како што вели другар ми Шива, семоќноста е потребна, пред сè, за да се ограничи сезнајноста.
15.1.18

Смрт не е кога засекогаш ја губите свеста. Смрт е кога свеста ќе ве спознае докрај, наполно, до оној слој каде што никогаш ве немало.
14.1.18

Сѐ со што луѓето се занимаваат е толку грдо, што нема никаква разлика на чија страна си.
13.1.18

Луѓето највеќе личат на безлични реченици, во кои нема подмет, туку само прирок од различните форми на глаголот „страда“.
6.1.18

Кратко речено, љубовта е она поради што секој се наоѓа таму каде што се наоѓа. Со исклучок, можеби, на мртвите… Макар што…
17.10.17

Историјата на човештвото е историја на масовни дезинформации.
16.8.17

Силата е секогаш во силата. И во ништо друго.
31.8.17

Човекот е навикнат да го гледа ѓаволот насекаде освен во огледалото и во телевизорот.
6.6.17

Никогаш не обвинувај се себеси за тоа за што можеш да го обвиниш системот.
21.7.16

Целиот свет е анегдота што Бог си ја раскажал сам себеси.
21.7.16