Хенрик Сјенкјевич – Скици нацртани со јаглен

страници:237 формат:180×110 цена:250 ден

Скици нацртани со јаглен е избор од четири новели, коишто се сметаат за едни од најдобрите на Хенрик Сјенкјевич. Иако останале во сенка на неговиот огромен опус од историски романи, коишто на Сјенкјевич му донеле голема писателска слава, сепак неговите новели и раскази претставуваат многу важен елемент од неговото творештво.

Скици нацртани со јаглен.pdf

Оскар Вајлд – Кантервилскиот дух

страници:65 формат:180×110 цена:140 ден

Кантервилскиот дух е новела чиешто дејствие е сместено во еден стар англиски замок, каде што владее духот на сер Симон Кантервил. Духот бил непокорлив владетел на замокот, се’ додека едно американско семејство не се вселило во него и не започнале да се случуваат паранормални случувања, во коишто дури ни самиот дух не е поштеден.

Навидум едноставна и пријатна за читање, сепак Кантервилскиот дух содржи и голема доза на хумор, но и интересна претстава на културолошките разлики помеѓу Американците и Англичаните. „Зајадливото перо“ на Оскар Вајлд, исто така на хумористичен начин го засегнува и современиот капиталистички свет, во којшто биле загубени некогашните духовни вредности.

Кантервилскиот дух.pdf

Бруно Шулц – Продавниците со боја на цимет / Санаториумот во знакот на Клепсидрата

 

страници:423 формат:180×110 цена:380 ден

Продавниците со боја на цимет и Санаториумот во знакот на Клепсидрата, се збирки раскази коишто ги раскажуваат семејните случки на трговско семејство од едно мало гратче, каде што не е тешко да се забележи сличноста со Дрохобич, родниот град на писателот. Авторот на тие случки им додава митолошки вредности, што е карактеристичен Шулцов начин на изразување – честопати визионерски, ониричен и поетски. Па, така, тоа е „митологизирана реалност, преработена од фантазијата, артистички деформирана и збогатена огромен број однесувања или алузии до многубројни литературни дела, до возвишените митови, до другите поегзотични подрачја на реалноста“. Реалноста на расказите слободно се меша со фантастиката. Предметите честопати имаат својства на живи суштества, животните добиваат човечки карактеристики, банални чинови се возвишувани до рангот на митовите. Младиот Јузеф, кој ја има функцијата на наратор, особено е фасциниран од Таткото, повеќезначен лик, којшто функционира на границата помеѓу живите и мртвите.

Продавниците со боја на цимет/Санаториумот во знакот на Клепсидрата.pdf

Оскар Вајлд – De Profundis

страници:165 формат:180×110 цена:220 ден.

De Profundis е елоквентниот огорчен прекор на Оскар Вајлд напишан од затвор до неговиот љубовник Лорд Алфред Даглас („Боузи“). Во долгото писмо Вајлд го обвинува Лорд Алфред за себичност, плиткост, паразитство, алчност, расипништво, бес, ограниченост на духот и запоставување. Тој го спротивставува ваквото однесување кон него со несебичното посветување на неговиот близок пријател Роберт Рос („Роби“), кому Вајлд му го дoверува делото и понатамошната негова иднина. Рос е одговорен и за насловот на делото, а тој ја објавува и скратената верзија на писмото во 1905 година.

De Profundis.pdf

Нарачај

Андреа Јанковски – Раскази кои немаат намера да бидат тоа

страници:139 формат:180×110 цена:200 ден.

Раскази кои немаат намера да бидат тоа е зрел наративен ракопис од постмодерен тип, тоа се суптилни, проникливи откршоци од нашата стварност и секојдневие, пропуштени низ призмата на авторската раскошна имагинација, но и низ призмата на една завидна интелектуална наобразба која денес теоретичарите обично ја сместуваат во парадигмата интертекстуалитет. Андреа Јанковски е новото откритие на нашиот расказ.

Нараторот на Јанковски е лик кој ги испитува прашањата на доблестите, страстите, искушенијата, љубопитноста, трпеливоста, разборитоста, расудувањата, владеењето со себеси и со околностите, искуството, судирите, благодарноста.

Раскази кои немаат намера да бидат тоа.pdf

Нарачај