Јунас Карлсон – Собата

Превод од шведски јазик: Родна Рускоска

страници: 156 формат:195×125 цена:200

Собата“ е роман за модерната бирократија и за човечката имагинација. Бјорн е државен службеник кого дневната рутина комплетно го потиснува и не може да се пронајде во секојдневната комуникација со паразитите во современото бирократско општество. Романот делумно е психолошка драма бидејќи го прикажува постепеното преоѓање во лудилото на еден човек кој страда од ментално нарушување; делумно е комедија бидејќи ја исмева корпоративната култура и меѓусебно отуѓените службеници која таа ги произведува.

Карлсон успева да направи совршена комбинација од смешното, нереалното и шокантното.

Стилски одлично напишано, духовито и досетливо, „Собата“ е инспиративно четиво кое претставува модерна бајка која е задолжителна литература за сите канцелариски работници.

Собата.pdf

Нарачај

Никола Дикнер – Шест степени слобода

Превод од француски јазик: Катерина Василевска

страници: 284 формат:195×125 цена:300

Шест степени слобода“ е роман за современото бегство од монотоното секојдневие. Обидот на Лиза, млада девојка со многу мечти и малку пари, да се ослободи од границите и притисоците на нуклеарните (семејни) и комплексните (државни) социјални структури, е ситуиран во необичен контекст: габаритниот и сложен свет на меѓународниот товарен поморски транспорт. Во подвигот ѝ помагаат хакерот Ерик, другар од детството, и Џеј, службеничка во Кралската канадска жандармерија, заробена во системот од кој Лиза се обидува да избега.

Во романот се сопоставени агорафобичноста и клаустрофобичноста на различните карактери, индустриската автоматизираност и провинцијалниот пејзаж, дигиталните тврдини и индивидуалната проникливост, обврските кон надворешниот свет и интимните копнежи, животот под лупа на безбедносните служби и фантомското измолкнување.

Шест степени слобода.pdf

Нарачај

Радка Денемаркова – Парите од Хитлер

Превод од чешки јазик: Маргарета Карајанова

страници: 280 формат:195×125 цена:250

Гита Лаушман во 1945 година се враќа дома од концентрациониот логор, но се покажува дека за неа – слично како и за голем број чехословачки жители со еврејско-германско потекло – времето на насилството и неправдата воопшто не завршило.

Романот е запис на сеќавањето. Гита се враќа до настаните што се случиле пред половина век и бара отштета за нанесената неправда. Притоа открива дека она што го памети од детството во историскиот контекст престанува да биде еднозначно.

Силен, трогателен, потресен, емотивен, стилски одлично напишан роман за страшните судбини на луѓето кои биле жртви на нацизмот.

Парите од Хитлер.pdf

Нарачај

Шчепан Твардох – Морфиум

Превод од полски јазик: Илија Трајковски

страници: 573 формат:195×125 цена:500

Варшава.

Втора светска војна.

„Јас сум Константи Вилеман, сакам жени, сакам да танцувам и не сакам коњи, обожавам автомобили, сакам шкотски твид и летни костуми од лесен тропикал, сакам автомобилски трки и подиумот што се врти во Адрија, сакам џез, сакам шампањ и морфиум, не сакам војска ниту униформи.“

Шчепан Твардох во „Морфиум“ постигнал редок успех во полската проза – креирал антихерој кој на читателот нема шанси да не му се допадне. Твардох, во стилот на најголемите – Виткјевич, Гомбрович, Лител – умее да го прикаже слабиот, растргнат човек вплеткан во големата историја.

Откачен, хипнотички и храбар роман.

Морфиум.pdf

Нарачај

Патрик Девит – Браќата Систер

Превод од англиски јазик: Кристина Димкова

страници: 302 формат:195×125 цена:350

Браќата Систер“ претставува омаж кон класичниот вестерн роман трансформиран во незаборавен комичен книжевен триумф. Ова е приказна полна со извонредно насликани ликови – губитници, измамници, отпадници од сите сфери на животот – раскажана од комплексен и убедлив наратор. Романот е насилна и страсна одисеја низ подземјето на Дивиот Запад во втората половина на XIX век, која прекрасно го доловува хуморот, меланхолијата и смелоста на Дивиот Запад и на двајцата браќа кои ги врзува крвта, насилството и љубовта во времето на златната треска во Америка.

Браќата Систер.pdf

Нарачај

Стефан Мендел-Енк – Три мајмуни

страници: 142 формат:195×125 цена:200 ден.

Во романот „Три мајмуниСтефан Мендел-Енк се навраќа на своите детски спомени за еврејската заедница во Гетеборг. Поделбата на семејството на младиот Јакоб и фрагментацијата на еврејската дијаспора во Шведска го формираат јадрото околу кое е изградено сижето во серија емпатично и комично раскажани сцени, кои не се хронолошки распоредени. Приказната се развива во пресекот на еврејската традиција, современите геополитички настани и шведската култура во која Евреите нашле прибежиште од холокаустот.

Стефан Мендел-Енк (1974) е шведски новинар и писател. Како новинар работел во Шведското национално радио и пишувал за познатиот шведски спортски весник Offside и за најголемиот шведски дневен весник Dagens Nyheter. Во 2004 г. ја објавува репортажата „Со очигледно чувство за стил“, во којашто го разгледува проблемот на машкоста и насилството. „Три мајмуни“ (2010) е неговиот долгоочекуван книжевен првенец.

Три мајмуни.pdf

Нарачај