Хелија Кореја – Дваесет скали и други раскази

Превод од португалски јазик: Наташа Сарџоска страници: 133 формат:195×125 цена:200

Хелија Кореја во збирката раскази „Дваесет скали и други раскази“ раскажува за низа чудни, сперливи, особено женски ликови заплеткани во гротескни и готски светови, каде што границите меѓу доброто и злото, реалното и надреалното, сакралното и световното, езотеричното и прагматичното, слободата и табуата, наизменично се прелеваат и се мешаат. Овие жени се маѓепсани, отуѓени, осамени, похотни, слободоумни, врежани и обележани со фатални премрежиња, оддалечени или во потрага по своите сништа и затекнати во секоја од овие приказни, како среде пат, речиси секогаш на крстопат со бурни и свирепи мажи, или маркантни жени што ја исцртуваат нивната трагедија. Нивните патишта се отворени и неодредени, и кај нив не се забележува нивниот почеток ни нивниот крај. Нарацијата е густа и набиена, ликовите се зрели и сложени, елементите на реалното вешто се прикриваат и се прелеваат во волшебното, окултното, магичното, вовлекувајќи го читателот во својот вител.

Дваесет скали и други раскази.pdf

Нарачај

Даниела Ходрова – Спирални реченици

Превод од чешки јазик: Маргарета Карајанова страници: 419 формат:195×125 цена:400

„Спирални реченици“ е носител на чешката награда Роман на годината во 2016 г. Авторката ја обива за него престижната чешка книжевна награда „Магнезија литера“. Во него се тесно сврзани животната судбина на преведувачката и поетеса Бохумила Грегерова и сликарката Адриена Шимотова, на кои им е посветен романот. Авторката си ги доловува своите блиски, вклучително и починатите, во случки исполнети со сочувство, нежност и разбирање. Со нив се измешани судбините на помалку познатите, како и на фиктивните ликови, а од сето тоа се манифестираат метафизичките стравови на денешниот човек, кои се прелеваат од едно во друго дело на авторката.

Спирални реченици.pdf

Нарачај

 

Миљенко Јерговиќ – Бјуик Ривера

Превод од хрватски јазик: Ѓоко Здравески страници: 193 формат:195×125 цена:350

Романот „Бјуик Ривера“ е објавен во 2001 година и е преведена на десетина јазици. Според него, Горан Рушановиќ има снимено истоимен филм, кој беше апсолутен победник на Сараевскиот филмски фестивал во 2008 г.

Романот на Јерговиќ не е книга за автомобилот како фетиш, за патолошката љубов на човекот кон него. Тоа е само лајтмотив за една приказна за Босна, за нејзините топли, а навидум крути луѓе, за нивните болни искуства и проклето несреќните судбини, за судирот на босанската мекост и простодушност со студениот, пресметлив и прагматичен свет на современата Америка, за проблемите во разбирањето меѓу тие две толку различни култури, за судирот на западната прагматичност и босанската импулсивност, за примитивниот страв од секоја другост…

Бјуик Ривера.pdf

Виктор Пелевин – Синиот фенер

Превод од руски јазик: Андреј Јованчевски страници: 432 формат: 200×130 цена: 500

Синиот фенер“ е збирка раскази од 1992 година, која зазема посебно место во опусот на Пелевин. Таа е првото негово објавено дело со кое веднаш ја освојува наградата „Мал букер во Русија. Како и неговите подоцнежни романи, овие раскази се крајно инвентивни и лесно преминуваат од еден во друг жанрполни се со апсурдна духовитост и егзистенцијална сатира. Преку досетливите наративи, како оној за гаражата која сонува да стане велосипед, Пелевин ја дисецира реаноста која ја земаме здраво за готово. Овие раскази совршено го прикажуваат во минијатура неговиот талент за создавање (книжевна) реалност од фантазијата.

Синиот фенер.pdf

Нарачај

Ева-Мари Лифнер – Lacrimosa

Превод од шведски јазик: Родна Русковска страници: 270 формат: 200×130 цена: 350

Lacrimosa на Ева-Мари Лифнер е вешто напишана и фасцинантна приказна за Карл Јунас Луве Алмквист и едно диво дете што го наоѓа кога работи како учител во Финска. Алмквист се грижи за детето, го воспитува во духот на Русо. Детето е девојче, но поголемиот дел од својот живот го поминува како маж. Тоа дете, околу кое се одвива дејството во романот, низ него се појавува како Рос, Роса и господинот Рос. Ликот поизлегува од еден од најинтересните ликови во шведската литература, Тинтомара. Рос е раскажувачот и го следиме нејзиниот живот во еден преплет на разни временски периоди. Низ поетичната драма следиме и една вткаена нерешена криминалистичка загатка, но романот пред сè е согледување на разните условувања на родот.

Lacrimosa.pdf

Нарачај

Доминик Фортје – Во опасност од морето

Превод од француски јазик: Катерина Василевска страници: 147 формат: 200×130 цена: 250

Во 2016 година, делото „Во Опасност од Морето“ е добитник на наградата Governor General’s Award за францускојазична фикција.

Истовремено роман и лична исповед, „Во Опасност од морето“ е дело кое преку суптилна игра со фокализацијата, нежно испреплетува две приказни, измешани како испишани страници, ненадејно натопени со капки дожд.

Едната раскажува за самата писателка, растргната помеѓу страста кон пишувањето и мајчинството, на кое е целосно посветена. Интимни размисли за судирот помеѓу љубовта кон јазикот и љубовта кон својата ќерка.

Другата раскажува за сликарот на портрети од петнаесеттиот век, кој по смртта на неговата љубена, во потрага по сопствената верба и потреба за сликање, прибежиште наоѓа во манастир на остров во Франција.

И двете приказни, напишани со извонредно богата лексика и поетски јазик, и покрај временската оддалеченост од пет века, ги поврзува магијата на манастирот Мон Сен Мишел и страста кон книгите.

Во опасност од морето.pdf

Нарачај

Гај Вардерхаге – Тате Ленин и други приказни

Превод од англиски јазик: Кристина Димкова

страници: 255 формат: 200×130 цена: 300

Приказните во оваа збирка се одвиваат во светот кој Вандерхаге многу добро го познава – фармите и изолираните гратчиња во прериите, каде што суровоста  на природата оставила силно влијание врз личноста на човекот. Мајсторски исткаени со нишки на лесен хумор, но, сепак, мрачно обоени, овие раскази пленат со својата едноставна длабочина. Машките ликови од различни возрасти и со разновидни животни искуства, кои се центар на вниманието на авторот на оваа збирка, допираат до обичниот човек со својата искреност и природност.

Тате Ленин и други приказни.pdf

Нарачај

Марио де Карваљо – Вагабонтски раскази

Превод од португалски јазик: Наташа Сарџоска

страници: 161 формат:195×125 цена:250

Овие раскази се вагабонтски токму поради тоа што не престануваат да чекорат, да се движат и да ги изминуваат лавиринтите, патеките и улиците на древното; скитаат и талкаат низ најтемните места и сокриените ќошиња, но исто така и блеснуваат среде дневниот болскот на обичниот живот. Среќно маршираат и потем, за час, нападно упаѓаат во домови, градови, истории и така иронично се вплеткуваат во нашето секојдневие, исполнувајќи го со комичност и бурлеска, и на тој начин го расчленуваат на надреални парчиња. Низ овие патешествија, низ монтажата на фантастичните и чудесни сплетови, приказните на Карваљо го испревртуваат светот наопаку и читателот го предизвикуваат низ опачината да нурне во авантурата, во чудата на животот и на книжевноста. Овие раскази пред нас испречуваат огледало во кое се огледуваат и нашите мрачни внатрешни состојби.

Вагабонтски раскази.pdf

Нарачај

Миљенко Јерговиќ – Рута Таненбаум

Превод од хрватски јазик: Ѓоко Здравески

страници: 347 формат:195×125 цена:400

Веста за Рута Таненбаум, миленичката на предвоената загрепска театарска сцена, допира дури до Хитлер. Сепак, по создавањето на Независната Држава Хрватска во 1941 година, Рута еден ден се буди како обична Еврејка и нејзиниот живот драстично се менува… Фабулираната биографија на хрватската Ширли Темпл истовремено е прониклива студија на загрепското малограѓанство. Јерговиќ ги става под лупа душите на обичните луѓе, кои одеднаш стануваат крвожедни усташи, а тогаш на местото од добронамерната иронија и хуморот доаѓа автентичниот гнев.

Преку фантазијата на читателот минува колоритен воз од приказни полни со фантастика. Дури и суровата смрт малку се крие во таа фантастика. И од секоја приказна заплашува човечката свирепост, бидејќи во човекот толку има добрина „колку што има шафран во на сиромавиот кашата “. Ниедна од овие приказни нема добар завршеток. Злокобната басна го навестува крајот на светот, кој ќе започне од улицата Гундулиќева.

Рута Таненбаум.pdf

Игнаци Карпович – Соња

Превод од полски јазик: Филип Димевски

страници: 167 формат:195×125 цена:250

Во животот на Соња се завршило одамна, многу одамна, заедно со војната. Тогаш толку преживеала и почувствувала што потоа веќе ниту живеела ниту чувствувала, имајќи ги само спомените и кучешкото ремче со готски натпис. Случајната средба покрај селскиот пат го означува почетокот на приказната која конечно може да биде ислушана.

Повереник на Соња станува Игор – театарски режисер – кој неочекувано се нашол некаде надвор од мобилната мрежа. Тој веднаш ја преобразува приказната на старката во театарска претстава, создавајќи сопствена верзија на настаните. А кога веќе би можело да се помисли дека ги исцрпел сите идеи, во селската колиба се појавува Игнаци, кого Игор упорно се трудел да го заборави…

Соња е голема, сепак мала, едноставна, сепак тешка, стишена, сепак полна со емоции, пацифистичка, но сепак истовремено брутална приказна преполна со љубов. Авторот ја искористува конвенцијата на воената романса за да раскаже за минатото и за сегашноста; за она тука и она таму; за пеколот и за рајот на сеќавањето.

Соња.pdf

Нарачај