Летни приказни со Или-или и со Бегемот

Драги Бегемотчии,

летото ни е на прагот, па редно време е да се опремиме со задолжителна „лектира“ за жештиниве!

Или-или и Бегемот почнува со заедничка акција за попуст на сите изданија. Сите изданија ќе можете да ги најдете на попуст во книжарницата на Или-или во периодот од 21.06. до 01.09. Па, навали народе!

Радка Денемаркова во Скопје!

Драги Бегемотчии!

Авторката на романот „Парите од Хитлер“ – Радка Денемаркова, гостува во Скопје! Промоцијата на романот ќе се одржи во Менада на 18-ти мај (петок) во 19 часот.

 

Авторска средба со Александар Прокопиев и Сања Михајловиќ-Костадиновска

Драги читатели,

со задоволство Ве покануваме на авторска средба со нашите автори Александар Прокопиев и Сања Михајловиќ-Костадиновска. Во недела од 17 до 19 час. повелете на дружба и гратис потпис на нивните дела!

 

Саем на книга 2018

САЕМОТ НА КНИГАТА 2018

САЕМОТ НА КНИГАТА како една од најзначајните културни манифестации во земјата обезбедува најголема концентрација на дела од домашни и странски автори, современи и класични литературни дела, стручна научна и белетристичка литература, учебници и училишни прирачници, енциклопедии и дела од областа на културата и уметноста.

30-тиот, по ред САЕМОТ НА КНИГАТА несомнено ќе биде место на литературни читања и обраќања на еминентни автори од оваа област кои одново ќе ја истакнат моќта на книжевните дела како суштински фактор за културното творештво на секој народ. На Саемот на книгата на едно место се претствуваат најголемите домашни издавачи, но и издавачи од регионот  што го прави овој саем еден од најатрактивните манифестации чиј број на посетители се движи околку 40.000.

Читателите, традиционално, ќе може да го следат промоциите на најновите изданија и на нивните автори на голем број домашни и странски издавачки куќи. Несомнено, огромно е значењето на Саемот на книгата, како една од најпосетените саемски манифестации кај нас, која учествува во создавањето на традицијата и култот кон пишаниот збор, кој секако ги обединува луѓето.

Читајќи книга овозможете си луксуз на душата….

Очудувања #3

Чујте и почујте, се обајвува нова потерница по зборови-табиетлии! Потерницата се води под името „Очудувања #3“ и го задржува апелот на последната потерница од овој вид: сите совесни збороловци да се вклучат во потрагата. Правилата на потрагата остануваат исти: се бараат во доменот на кратката проза на македонски јазик.

Уловот од првата и втората потерница е веќе документиран и достапен како книга!

Последен рок за доставување на уловот за третава потерница: 10.06.2018
Станица за прием: andrej@begemot.local

Ocuduvania-3-web&fb-05

ArtArea – Културна артерија на градот

д 22 до 24 декември во Кино Култура ќе се одржи фестивалот ArtArea – Културна артерија на градот

Фестивалот ArtArea е време-место на поврзување на различните уметности: книжевност, филм, театар, музика, поетски перформанс, архитектура, фотографија, анимација, ракотворство… Вљубениците во еден или неколку од овие изразни медиуми ќе откријат непознати убавини другаде, каде што не ги побарале. Во текот на трите фестивалски дена ќе бидат претставени внимателно одбрани плодови на десетици културотворци. Планот на настаните можете да го погледнете во подолу:

 

Програмата на фестивалот е достапна во pdf верзија овде.

П Р О Г Р А М А:

ПЕТОК, 22 декември

10:00 – Отворање на саемот на книгата, базарот на ракотворби и изложбата на фотографии
Бегемот, Или-или, Темплум, Готен, Антолог, Слово, Табахон, Три, Блесок, Метаноја, Галикул, ПНВ публикации
—–
Pocket Gallery, Cro chez Natalie, Meraki, Pleiades, Никулец
—–
Верица Славковска, Зоран Шеќеров, Маја Плачковска

18:00 – Отворање на изложбата „Полска. New public life“
Амбасада на Република Полска во Македонија

20:00 – Книжевна вечер
Гостување на Мојца Кумердеј по повод објавувањето на македонскиот превод на книгата „Темната материја“ – Готен

21:30 – Џез концерт
Летечки пекинезери Дуо, DJ set Бојан Чакра

САБОТА, 23 декември

10:00 – „Време и беспаќа“ – анимација за возрасни:

„Штимање инструменти“ – Јежи Куча (2000)
„Танго“ – Збигњев Рибшињски (1980)
„Лавиринт“ – Јан Леница (1963)
„Кафези“ – Мирослав Кијович (1971)
„Времето на мршојадецот“ – Зофија Орачевска (1987)
„Скали“ – Стефан Шабенбек (1969)
„Пат“ – Мирослав Кијович (1971)
„Патување“ – Даниел Шчехура (1970)

12:00 – Ракотворби
Претставување на ракотворски вештини: Pocket Gallery, Meraki, Pleiades

18:00 – Дискусија за архитектурата и културата
Архи.тек

20:00 – Елај ми на АсталОФФ
Музичко-поетски перформанс – ВИС Тркалезна маса

22:00 – Документарен филм (МакеДокс)

Недела, 24 декември

11:00 – Класици на анимацијата за деца:
Доротка и часовникот (Чешка)
Авантурите на Лолек и Болек (Полска)
Почекај само! / Ну погоди! (Русија)
Пат и Мат (Чешка)
Мечето Ушко (Полска)

18:00 – Театарска претстава
„Народен непријател“ – Хенрик Ибзен; режија: Горјан Аревски

20:00 – Роденден на Кино Култура

—–

Влезот на сите настани е бесплатен.

Организатор на настанот е Бегемот, а главен партнер е Кино Култура. Во фестивалот учествуваат: Бегемот, Или-или, Темплум, Готен, Антолог, Слово, Табахон, Три, Блесок, Метаноја, Галикул, ПНВ публикации, Pocket Gallery, Cro chez Natalie, Meraki, Pleiades, Никулец, Верица Славковска, Зоран Шекеров, Маја Плачковска, Летечки пекинезери Дуо, Бојан Чакра, Архи.тек, МакеДокс, ВИС Тркалезна маса, Горјан Аревски.

Партнери: Амбасада на Република Полска во Македонија, МакеДокс

Спонзор: Печатница Наумовски

Медиумски покровители: Мкд.мк, Утринска на Телма, Нова Македонија, Okno.mk, Pirej.mk, Time.mk, BookBox на off.net.mk, Портрет

Дизајн: Наталија Лукомска

artAREA-FBeventcover

Очудувања #2

Драги читатели, можете да спиете мирно!

Сомнителните зборови се најпосле уловени. Совесните збороловци се покажаа неверојатно вешти и агилни – ги донесоа живи и пргави, какви што ги баравме. По извршените испитувања, утврдено е дека тие не ја загрозуваат безбедноста на умот, иако предизвикуваат нови процеси во неговата работа. Затоа, пуштајќи ги повторно на слобода, советуваме внимателно читање. Нивниот табиет останува чуден и непостојан.

Досието на испитаните зборови е достапно овде.

Има индиции дека постои друга, навистина опасна банда зборови што прави ризични пируети во непознати сврталишта на книжевноста. Затоа, наскоро ќе биде распишана нова потерница. Ги повикуваме срамежливите да се осоколат и активно да се вклучат во претстојната потрага!

Во акцијата Очудувања #2 учествуваа 14 збороловци:

Мира Смаќоска-Танеска

Сања Михајловиќ-Костадиновска

Филип Љ. Трајковски

Иван Лазаров

Живко Гроздановски

Виолета Бојковска

Ѓорѓи Крстевски

Билјана Ѓонеска

Калиа Димитрова

Наташа Сарџоска

Драгана Евтимова

Мања Величковска

Стефан Марковски

Златко Ѓелески

Им благодариме и им честитаме за мајсторскиот улов!

 

Промоција на „Уште еден ден живот“ во Битола

Ве покануваме на промоција на преведените дела од Ришард Капушќињски во Задруга Артикултура на 29 септември во 17 часот.

Гостува:
Лидија Танушевска – преведувачката
Промотор: 
Филип Димевски – Издавачка куќа БЕГЕМОТ
Модератор:
Андреј Јованчевски – Издавачка куќа БЕГЕМОТ

Очудувања #2

Внимание! Внимание!
ПОТЕРНИЦА „Очудувања #2“

Избегани се сомнителни зборови. Се повикуваат сите совесни збороловци да се вклучат во потрагата.
Генералии на бандата:
1) Назив: КРАТКА ПРОЗА
2) Потекло: македонски јазик
3) Табиет: чуден и непостојан

Се бараат живи и̶л̶и̶ ̶м̶р̶т̶в̶и̶ !

Последен рок за доставување на уловот: 01.08.2017
Станица за прием на уловот: andrej@begemot.local

Очудувања #1

Првиот циклус од конкурсот за кратка проза „Очудувања“ заврши. Им благодариме на сите триесетина автори кои испратија еден или повеќе кратки прозни текстови во одговор на повикот. Беше сладок предизвик да се исчитаат и оценат стилската оригиналност, креативноста на наративната стратегија и инвентивноста на односот кон темата кај сите нив!

Во збирката ќе бидат вклучени 15 раскази од следниве 12 автори:

Виолета Бојковска
Ѓорѓи Крстевски
Сања Михајловиќ-Костадиновска
Тихо Диковски
Мануела Златкова
Зоран Василевски
Исток Улчар
Филип Љ. Трајковски
Стефан Марковски
Хактан Исмаил
Тони Димитров
Грација Атанасовска

Целосната збирка можете да ја преземете овде.