Јорн Л. Хорст – Затворено преку зима

страници: 308 формат:195×125 цена:420 ден

Писателот којшто во Норвешка се здоби со епитетот „новиот Ју Несбе“, автор на неколку бестселери коишто оставија длабока трага во норвешкиот криминалистички литературен жанр, Јорн Л. Хорст, за првпат на македонски јазик.

Есенска магла како килим го покрива пејзажот и викендичките со поглед кон оловното море. Уве Бакеруд има намера да го помине последниот, скопоен викенд во летната викендичка пред зимскиот период. Но, кога пристигнува, го наоѓа местото во хаос, руинирано од провала. А во соседната викендичка: човек кој бил истепан до смрт.

Главниот инспектор, Вилијам Вистинг, има видено претходно голем број ужасни убиства. Но, очајот на сведоците во Ставерн оваа есен, за него е нешто ново. Навидум обична жртва за време на кражба, сепак истрагата покажува дека случајот е многу покомплициран од првичните претпоставки. Полицијата доаѓа до сознанија дека дошло до судир помеѓу две криминални банди, но остануваат голем број нерешени мистерии. Непријатностите не се намалуваат, кога откриваат уште неколку тела на пустиот архипелаг. Во меѓувреме, мртви птици паѓаат од небото….

Романот Затворено преку зима ја доби Наградата од норвешките книжари во 2011 година и досега се продадени над 100 000 примероци.

Затворено преку зима.pdf

Нарачај

Крис Твет – Кругот на смртта

страници: 451 формат:195×125 цена:500 ден

Микаел Брене е ко-сопственик на реномирана адвокатска фирма и е еден од најдобрите адвокати во земјата. Одбраната на Ханс Микелсен за него претставува рутинска задача, барем на почетокот. Сепак, случајот којшто требаше да биде најобичен, се преобразува во кошмар што може на Микаел да му го уништи животот. За да заборави на своите проблеми, правникот одлучува да му помогне на друг човек којшто пред дваесет и пет години бил осуден за убиство на две девојки. Таа трагедија и понатаму живее во сеќавањето на луѓето од Вестеј. Адвокатот којшто сметаше дека веќе не може да го снајде ништо полошо, набргу ќе се увери дека грешел…

Кругот на смртта се најде во друштвото на најдобрите криминалистички романи во Норвешка, освојувајќи ја престижната награда Ривертон во 2010 година.

Кругот на смртта.pdf

Нарачај

Марек Крајевски – Крај на светот во Бреслау

страници: 357 формат:195×125 цена:420 ден

Вториот роман од сагата за генијалниот Еберхард Мок

Вроцлав. Зима 1927 година. Сериски убиец зад себе остава крвава трага. Покрај посмртните останки на жртвите полицијата пронаоѓа ливчиња од календар. Како да се спречи наредното злосторство? Како да се фати убиецот? Одговорот на тие прашања го знае само еден човек, Еберхард Мок. Сепак, криминалистичкиот советник е зафатен со проблемите на својот внук и младата сопруга Софи. Во брачниот живот не му оди толку добро како во социјалниот живот, во светот на пијалакот и кулинарните сласти, како и во професионалниот живот, каде што е најдобриот истражник во предвоениот Вроцлав.

Крај на светот во Бреслау е добитник на наградата Голем калибар за најдобар криминалистички роман во Полска во 2004 година.

Крај на светот во Бреслау.pdf

Нарачај

Виктор А. Ингоулфсон – Енигмата на островот Флатеј

страници: 347 формат:195×125 цена:440 ден

Островот Кетилсej, 1960 година. На ова напуштено исландско островче разденувањето на пролетта со себе носи нов живот за локалниот див животински свет. Со исклучок на распаднатото тело откриено од тројца ловци на фоки, зимата е период на спокој. Откако ќе се открие дека телото му припаѓа на дански криптограф кој е исчезнат со месеци, истрагата разоткрива мистериозна поврзаност помеѓу него и еден средновековен ракопис познат под името Флатејска книга. Наскоро уште едно мртво тело е пронајдено на Флатеј, друг остров на Брејдафјердур. Овој пат убиството влече корени од древната викиншка традиција на крвави орли. Истрагата набргу се соочува со темниот, опасен свет на древните легенди, симболизмот и тајните друштва во обидот да го најде убиецот. Нордиската мистерија номинирана за наградата „Стаклен клуч“ ја доловува ерата на мрачниот тивок свет со длабока автентичност. Полна со изненадувачки хумор, комплексни клучеви и возбудливо исчекување Енигмата на островот Флатеј ќе ве зароби сѐ додека Кјартан не го разбие кодот.

Енигмата на островот Флатеј.pdf

Нарачај

Марек Крајевски – Смрт во Бреслау

страници: 285 формат:195×125 цена:320 ден

Романот Смрт во Бреслау е првата книга којашто се појави во новата едиција на БегемотМрачна серија, којашто ќе содржи романи од жанрот „интелигентни криминали“. Тоа е романот којшто му донесе огромна слава на Марек Крајевски, голем број награди и преводи на бројни странски јазици.

Тоа е книгата којашто го создаде Мок.

Вроцлав, мај 1933 година. Потресно злосторство. Масакрирани тела на две жени. Таинствен натпис напишан со крвта на жртвите. И насекаде скорпии. Идеален случај за Еберхард Мок.

Во мрачниот Вроцлав, каде што во секој сокак злосторниците и убијците ја чекаат својата жртва, владее насилство и корупција. Угледници на високи функции се оддаваат на комар и разврат, поткупливата полиција се бори за власт. Во градот заразен со хитлеровската доктрина, еден комесар ужива во доста нетипична разонода. Игра шах (според свои правила) со прекрасни разголени девојки. Тоа е Мок, којшто од домот на раскошот може да го извлече само наредно злосторство.

Смрт во Бреслау.pdf