Марио де Са-Карнеиро - Исповедта на Лусио

страници: 134 формат:180×110 цена:170 Исповедта на Лусио е едно од најважните дела на Марио де Са-Карнеиро, бидејќи ги обработува неговите три главни животни опсесии: самоубиството, перверзната љубов и ненормалниот развој кој кулминира со лудило. Приказната се развива меѓу Рикардо, Лусио и Марта, којашто е страсниот јазол меѓу нив двајца. Во форма на криминалистички роман, дејството започнува…

Ирса Сикуртартоутир – Студ

страници: 371 формат:195×125 цена:450 ден Оутин започнува нов живот со својата единаесетгодишна ќерка Рун, по смртта на неговата бивша сопруга, која погинала паѓајќи низ прозорец. Еден ден Оутин на работа добива нова задача: треба да открие што се случувало пред многу години во интернатот Кроукур, што се наоѓа во пустелија и врши функција на поправен…

Арне Дал - Зла крв

страници: 399 формат:195×125 цена:500 ден Шведски литературен критичар е убиен на ѕверски начин на аеродромот Њуарк во Њујорк. Пред смртта бил брутално измачуван. Методата на тортура потсетува на тортурите применувани од Супер командосите за време на војната во Виетнам. Тоа е само почеток на неверојатната низа настани што ќе го доведе Пол Јелм и неговите…

Мигел Сервантес - Дон Кихот

страници:1276 (2 тома) формат:200×140 цена:600 ден. Дон Кихот е повеќеслоен роман со безброј значења и исто толку толкувања. Освен острите критики и пародирањето на витешките романи, популарни во времето на Сервантес, овој роман исто така претставува и критика на црквата и инквизицијата, критика на тогашното шпанско општество, обичаите и човечките нарави. Структурата на романот е комплексна…

Амадо Нерво - Балкони

страници: 154 формат:180×110 цена:150 ден Балкони, роман напишан во форма на раскази инспириран од смртта на неговата сакана Ана Сесилија Луиса Даилјиес, за која ја напишал и збирката поезија Неподвижната сакана (1922). Роман за постоењето, значењето и губењето на животот од религиски, научен и метафизички аспект. Роман за сите вкусови, проплетен со историски и научни факти,…

Хенрик Сјенкјевич - Крстоносци

страници:860 формат:200×140 цена:570 ден. Крстоносци е историски роман, во кој авторот го опишува полско-тевтонскиот конфликт во фазата на неговото најголемо насилие. Главен мотив во романот е битката кај Грунвалд, во која Полјаците извојувале огромна победа над моќниот Тевтонски крстоносен ред. Безбројни измами, неправди, битки за живот или смрт, обичаи од огромно морално значење, авантури, љубов… сето тоа…

Роберт Луис Стивенсон - Киднапиран

страници: 245 формат: 200×140 цена: 250 ден. Киднапиран е класична авантуристичка приказна, подеднакво возбудлива денес, како и кога била за прв пат издадена.Кога тргнува во потрага по својот последен жив роднина, чичкото Ебенизер, младиот Дејвид Балфур воопшто нема претстава за опасностите и интригите кои оваа средба ќе ги предизвика. Наскоро сфаќа дека чичко му е стар скржавец и лажго, но…

„Книга од песок“ во издание на Бегемот

„… неговата книга се вика Книга од песок, зашто ни книгата ни песокот немаат ни почеток ни крај“ Во збирката Книга од песок, која се состои од 13 раскази,Борхес ги продолжува своите творечки искуства, слободно користејќи ги културолошките, историските, литературните и филозофските контексти, а фабуларните настани ги обојува со авторска интелектуална рефлексија. Расказите од оваа…

Нобеловката Алис Манро - за првпат на македонски!

Ниту еден жив писател не може толку убедливо да пишува за „текот на љубовта“ како Алис Манро. Таа е жив џин на модерниот расказ, а нејзиниот чеховски реализам, длабоката психолошка интуиција, инстинктивното чувство за емоционалната аритметика на животот, оставија неизбришлив печат на современото пишување. Вештината на Манро во прикажувањето на човековите чувства и богатството на…

„Фердидурке“ за првпат на македонски

Фердидурке, или – Големата маскарада, метафоричен роман на Витолд Гомбрович, прогласен за најпознатиот и најкреативниот полски роман на XX век, преведен од огромен број светски јазици. Главниот лик на романот е 30-годишниот почетник-литерат Јузефчо, кој е неочекувано посетен од бескомпромисниот професор Пимко и е вратен назад во школо. Сегашноста одеднаш се наоѓа во минатото и…